Erasmus + проект






WE ARE DIFFERENT, WE ARE EUROPE ALL TOGETHER!


ЕРАСМУС+ ПРОЕКТ, КЛУЧНА АКЦИЈА 2, СТРАТЕШКИ ПАРТНЕРСТВА ЗА УЧИЛИШТА


Во периодот од Септември 2017 до Септември 2019, СЕПУГС “Васил Антевски - Дрен”, заедно со 5 партнер училишта од Турција, Шпанија, Португалија и Латвија, ќе учествува во проект добиен преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Македонија, во рамките на програмата Ерасмус +.

Името на проектот е “WE ARE DIFFERENT, WE ARE EUROPE ALL TOGETHER”. Идејата на проектот е учениците да се запознаат со различните култури на партнер земјите и наместо да ја претставуваат својата култура, преку истражувања и дружење да ги претставуваат другите култури, односно да го продлабочуваат знаењето за истите.

Целта на проектот е преку соработка и знаење да се осознаат разликите, но и да се работи на антидикриминацијата на различните култури.

Со проектот предвидeни се многу интересни активности, во кои учество ќе земат ученици и професори од нашето училиште. Учениците ќе имаат можност да посетат многу креативни работилници, предавања и дебати во врска со темата наведена погоре. Исто така ќе ги истражуваат традиционалните јадења и рецепти на партнер земјите. Училишниот бенд ќе подготвува традиционална музика, карактеристична за секоја партнер земја.

Преку овие и други активности ќе се отвори можност за дијалог помеѓу различни Европски култури од различни националности. Преку дијалогот ќе се основаат пријателства, кои во иднина ќе водат кон намалување на расизмот и дискриминација на различните културите. Крајната цел на проектот е зголемување на културолошката свесност кај младата популација.

Официјален јазик на проектот е англиски, но со цел унапредување на другите јазици ќе се користат и јазиците од сите партнер земји вклучени во проектот.

Во проектот се планирани три мобилности и два транснационални состаноци, на кои учесниците ќе ги разменат своите искуства и знаења.

Отворен повик и критериуми за учество во проектот.
Конкурс за избор на лого на проектот.

Пронајди не: