Историјат

Средното економско и правно училиште на град Скопје „Васил Антевски – Дрен“ постои уште од 1913 година, кога е формирано како двегодишно трговско училиште. Две години подоцна прераснало во Трговска академија, во која школувањето се одвивало 4 години. За време на окупацијата училиштето било претворено во Трговска гимназија во која школувањето траело 5 години. По ослободувањето било преименувано во економски техникум, а половина станало Средно економско училиште „Борис Кидрич“. Во 1963 година донесена е одлука на училиштето да му се додели и средното правно училиште, па од учебната 1964/65 година во склоп на училиштето постојат и паралелки од правна струка. Од 1993 година му е дадено името на народниот херој Васил Антевски - Дрен, а е сместено во модерна мошне убава училишна зграда која го замени стариот училиштен објект во кој училиштето работеше по земјотресот во 1963 година.

Пронајди не: