Уписи

СРЕДНО ЕКОНОМСКО-ПРАВНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „ВАСИЛ АНТЕВСКИ ДРЕН“

   Во прва година ќе се запишат 476 ученици во 14 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:

Економско- правна и трговска струка - 476 ученици, 14 паралелки

- економски техничар мак 238 уч. 7 пар. 4 г.тр. 60 минимум поени
- правен техничар мак 238 уч. 7 пар. 4 г.тр. 60 минимум поени

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

   При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:
- пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);
- оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
- додаток на свидетелство за IX одделение со резултати од екстерното проверување на постигањето на успехот на учениците;
- извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

III. КОНКУРСНИ РОКОВИ

   Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок.
   Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 28 и 29 јуни 2017 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2017 година..
   Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули 2017 година, а резултатите ќе се објават на 4 јули 2017 година.
Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.
   Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 5 јули 2017 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 6 јули 2017 година.
   Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 24 август 2017 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2017година.
   Училиштата кои во двата уписни рока не ги потполниле утврдените ученички места за запишување со овој Конкурс продолжуваат со запишување на учениците до 31 август 2017 година.

IV. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

   Критериуми за избор на учениците се:
– среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
– среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
– дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);
– средна вредност од поени добиени за поведение.
– среден успех од резултатите од екстерното проверување на постигањето на успехот на ученикот за IX одделение.
   Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.
   За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
   За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
   За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републички натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.
   За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).
   За средниот успех од резултатите од екстерното проверување на постигањето на успехот за IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени (оценките по наставните предмети од додаток на свидетелство за IX одделение од екстерното проверување на постигањето на успехот на ученикот се собираат и се делат со 2).

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 82 поени.

   Утврдениот број минимум поени за првото пријавување од јунскиот уписен рок, се составен дел на овој Конкурс.
   Училиштата за второто пријавување во јунскиот уписен рок, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот, за најмногу 5 поени, освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.
   Училиштата за пријавувањето во августовскиот уписен рок, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот, за најмногу 5 поени во споредба со второто пријавување во првиот уписен рок (односно најмногу до 10 поени за двата уписни рока), освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.
   Училиштата по утврдување на конечните ранг листи задолжително во рок од 48 часа треба да ја вратат целокупната документација на ученците кои не се запишани во училиштето.
   Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување во јунскиот уписен рок и за вториот уписен рок да го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма. Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши:
- за јунскиот уписен рок, второ пријавување на 4 јули 2017 година. - за августовскиот уписен рок на 21 август 2017 година.
   За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

Пристап до целиот конкурс

Пронајди не: