Уписи

СРЕДНО ЕКОНОМСКО-ПРАВНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „ВАСИЛ АНТЕВСКИ ДРЕН“

   Во прва година ќе се запишат 476 ученици во 14 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:

Економско- правна и трговска струка - 476 ученици, 14 паралелки

- економски техничар мак 238 уч. 7 пар. 4 г.тр. 60 минимум поени
- правен техничар мак 238 уч. 7 пар. 4 г.тр. 60 минимум поени

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

   При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:
- пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);
- оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
- дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
- извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

III. КОНКУРСНИ РОКОВИ

   Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во eден уписен рок, со три пријавувања, две пријавувања во месец јуни и едно пријавуање во месец јули.
   Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 17 и 18 јуни 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 19 јуни 2019 година.
   Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 21 јуни 2019 година, а резултатите ќе се објават на 21 јуни 2019 година.
Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.
   Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2019 година.
   Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 1 јули 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 2 јули 2019 година.
   Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 26 август 2019 година за што доставуваат доказна документација.

IV. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

   Критериуми за избор на учениците се:
– среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
– среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
– дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);
– средна вредност од поени добиени за поведение.
   Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.
   За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
   За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
   За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републички натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.
   За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.

   За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

Пристап до целиот конкурс

Пронајди не: