Одржана регионална работилница „Обезбедување квалитет за организација на учење преку работа“

Во периодот од 11-12 јуни 2023 година, во Призрен, беше одржана регионална работилница „Обезбедување квалитет за организација на учење преку работа „во рамките на проектот „Обезбедување квалитет за работа на координаторите во врска со компаниите“. 

Беа разменети добри практики меѓу директорите на училиштата, координаторите за учење преку работа и претставниците на бизнис секторот на земјите учеснички: Албанија, Косово и Македонија. сo акцент на тоа што функционира а што не во процесот на учење преку работа кај работодавач.

Предизвиците на процесот на реализација на УПР се приоритет во нашето училиште, се со цел јакнење на квалитетот и инструментите, за кои придонес на оваа конференција дадоа: Директорот м-р Тања Јовановска, координаторот за УПР м-р Сузана Станковска и претставникот на бизнис заедницата-специјалист за човечки ресурси г-ѓа Билјана Милошоска од реномираниот бизнис партнер на училиштето „Веро„, со кој соработкта и понтаму подолжува.

Информација за електронски упис на ученици во прва година во средно образование

Почитувани ученици, почитувани родители,

Со цел оптимизирање на целокупниот процес на уписи во средните училишта во Република Северна Македонија, Министерството за образование и наука и оваа година преку дигитална услуга ќе Ви овозможи електронско аплицирање кое нема да Ви одземе повеќе од 15 тина минути.

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk. Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките на schools.mk.

Упатството за логирање/ најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/најава. За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, Порталот ќе биде отворен од 10.06.2023 година во 10.00 часот.

Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 21.06.2023 година најдоцна до 15.00 часот, после што системот ќе биде затворен за онлајн аплицирање од ученици.

Во наведениот период додека системот за аплицирање е достапен за учениците, тие ќе можат да вршат ажурирање, измени и дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите.

Валидација на дипломите и внесување на поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 22-ти јуни 2023 година на интернет страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, односно на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.

Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 22-ти јуни од 12.00 часот до 19.00 часот и на 23-ти јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Со почит
Министерство за образование и наука

 

Преземете го дописот од МОН

Организирана посета на партнер училиштето Леонардо Де Винчи од Вилфонтен, Франција

Во соработка со делегацијата на Академскиот реон Оверњна-Рона-Алпи во Франција, Aмбасадата на Република Франција и Францускиот институт во Скопје, како и Националната агенција за европски програми и мобилности на Република Северна Македонија , поддржано од градоначалникот на Град Скопје г-ѓа Данела Арсовска во период од 05.06 до 07.06.2023 год. беше четири француски средни училишта кои остварија соработка со училишта од нашата држава.

Нашето училиште Васил Антевски Дрен имаше чест и привилегија да биде дел од оваа соработка и да учествува на работните состаноци со своето партнер училиште Леонардо Де Винчи од Вилфонтен, Франција. Делегацијата имаше работни средби во нашето училиште со партнер училиштето како и со целокупната делегација во последниот билансен ден, се со цел да ги прецизираме точките на натамошна соработка.
Високата делегецаја оствари посета во Град Скопје на која директорот на училиштето Тања Јовановска ја промовирање иницијативата и значењето на посетата и соработката.

Потоа во Францускта резиденција на амбасадорот на Република Франција беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Амбасадорот на Република Франција неговата екселенција г-дин Сирил Бомгартнер и Министерот за образование и наука на РСМ г-дин Јетон Шаќири. На средбата се промовираше иницијативата за воспоставување партнерства за соработка и размена на наставен кадар, ученици и унапредување на педагошките практитки помеѓу македонските и француските средни училишта.

Нашето училиште продолжува посветено да работи на унапредување на францускиот јазик во насока на зголемување на компетенциите на учениците и наставниот кадар . Во развојната визија на нашето училиште оваа соарботка има висок приоритет кој ќе овозможи воведување на билингвална паралелка на францускиот јазик во иднина преку континуирана обука на наставниот кадар и поддршка од Град Скопје Францускиот институт, Амбасадата на Република Франција, МОН иност Националната агениција за европски програми и мобилност.