Присуство на ученици од средното училиште „Васил Антевски Дрен“- Скопје на проекција на филмот “The sleeping beast”

Агенцијата за филм во соработка со фестивалот „Браќа Манаки“, а во насока на приближување на филмската уметност до младите генерации, организираше присуство на ученици од средното училиште „Васил Антевски Дрен“- Скопје на проекција на филмот “The sleeping beast” во Центарот за Култура во Битола кој е наменет за средношколци или основци од повисоките одделенија.

Претходеше дводневна работилница “Наследниците на Манаки“, а на 24ти септември од 17:00 часот се одржа Церемонијата на доделување на наградата, која лично ја додели кинематограферката на филмот Elen Lotman.

International Cinematographers’ Film Festival MANAKI BROTHERS

МАТЕЈ ПЕТРОВСКИ – ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2019-2023 година

МАТЕЈ ПЕТРОВСКИ – ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2019-2023 година

Гордост на СЕПУГС ,,Васил Антевски-Дрен’’ – Скопје.

Традицијата продолжува. По тој повод училиштето на ден 14.09.2023 година му подари рачен часовник, а нашиот поранешен ученик г.дин Војдан Карапетковски – успешен бизнисмен, традиционално му подари лаптоп кој ќе му помогне во натамошното академско образование.
Успешната приказна е дел од поврзување на личната амбиција на ученикот, поддршката од училиштето и желбата за мотивација на донаторот поттикнувајќи ги сите ученици да се најдат на патот на успехот.

Продолжуваме со успеси и на меѓународен план. Гордост на ДРЕН. Традицијата не обврзува

Средба на гувернерката со учениците кои донесоа бронзен медал од Меѓународната економска олимпијада.
„Финансиската едукација и финансиската инклузија, со особено внимание на младата популација, се значаен приоритет на Народната банка. Оттаму, Народната банка поддржува повеќе инцијативи во овој сегмент, вклучително и учеството на Меѓународната економска олимпијада, а особено радува кога младите се истакнуваат со забележителни знаења на меѓународните натпревари“ – гувернерката Ангеловска-Бежоска.

https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-07092023.nspx

Среќен почеток на учебната 2023/2024 година

ПОЧИТУВАНИ УЧЕНИЦИ И РОДИТЕЛИ,
Среќен почеток на новата учебна година генерација 2023/2024 год. Посакуваме сите заедно успешно  да одговориме на образовните предизвици кои се пред нас. Модуларните наставни програми модернизирани и прилагодени на современото време и пазарот на трудот не обврзува сите нас да биде проактивни , мотивирани и одговорни во постигнување на целите на ВОП.
Во училишните торби покрај учебниците , тетратките и приборот понесете голема насмевка, многуразбирање , грижа за соучениците и околината , бидете љубопитни и подгответе се за најубавиот период во Вашиот живот со цел стекнување на знаења, вештини и компетенции.
Тука сме да едуцираме, да бидеме Ваша поддршка и заедно да ги поминеме средношколските денови.
Наставниот кадар, стручните служби и директор на училиштето Ви посакуваат  среќна и  успешна учебна година!
 
Со почит, 
Директор СЕПУГС ” Васил Антевски – Дрен ” Скопје
м-р Тања Јовановска 

Корисни информации