Патронен празник на нашето училиште

Денес се одбележа патрониот празник на нашето училиште кое гордо го носи името на истакнатиот македонски револуционер и учесник во Народноослободителната борба, Васил Антевски – Дрен. Празникот се одбележа свечено и достоинствено, и по тој повод во посета беа ученици и наставници од Полска кои се запознаа со Еразмус активностите и наставните профили кои се изучуваат во нашето училиште. Нека ни е честит патрониот празник со желби за многу успеси во годините што претстојат!

Kрводарителска акција во соработка со Институт за транзфузиона медицина и Црвениот крст на РСМ

Во чест на патрониот празник на училиштето 28.10.2023 година беше организирана крводарителска акција во соработка со Институт за транзфузиона медицина и Црвениот крст на РСМ.
Уште еден успешен ден на полето на крводарувањето во СЕПУГС “ВАСИЛ АНТЕВСКИ-ДРЕН” 72 ученици и 8 вработени повторно ја покажаа хуманата страна со дарување на крв во есенската крводарителска акција.
Заедно во акцијата подари живот е дел од нашата емпатија и хуманост.

По повод Европскиот ден на правдата, посета на Министерството за правда на Република С. Македонија

Ученици од СЕПУГС ,,Васил Антевски – Дрен” денес беа во посета на Министерството за правда по повод Европскиот ден на правдата.
Министерот за правда Кренар Лога ги запозна учениците одблизу за работата од надлежност на Министерството за правда, како и за правната помош кои ја нуди оваа институција.

По повод Европскиот ден на правдата, посета на Управниот суд на Република С. Македонија

По повод Европскиот ден на правдата, на 25.10.2023, група ученици од трета и четврта година од нашето училиште СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ го посетија Управниот суд на Република С. Македонија. Говор одржа Претседателот на Судот, а нашите ученици имаа можност да се запознаат со работата на судот, како и да присуствуват на судење.

Настан Erasmus Days на тема: “Dren experiences Erasmus”

На 13.10.2023 г. во нашето училиште се одржа настан Erasmus Days на тема: “Dren experiences Erasmus”. За оваа активност поголем дел од учениците, досегашни учесници на Еразмус мобилностите, подготвија видеа каде говорат за искуствата кои ги стекнале на проектните активности. Овој настан претставуваше можност за промовирање на Еразмус+ програмата и придобивките од неa пред учениците од прва година кои се запознаваа со програмата и можностите кои ги нуди.
Покрај видеото беше прикажана и презентација за Еразмус+ програмата; спроведен Kahoot квиз, како и завршна ликовна изложба инспирирана од настанот : денови на Еразмус+. Наставници кои беа одговорни за настанот: м-р Радојка Хелман Денковска, м-р Драгана Ѓореска и м-р Теодора Паскалова Вучкова

Осум ученици од средното скопско училиште „Васил Антевски-Дрен“ ќе имаат можност да се стекнат со практични вештини и искуства во различни сектори на ТИРЗ

Осум ученици од средното скопско училиште „Васил Антевски-Дрен“ ќе имаат можност да се стекнат со практични вештини и искуства во различни сектори на ТИРЗ.

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и директорката на средното стручно училиште „Васил Антевски-Дрен“-Скопје, Тања Јовановска, денеска потпишаа меморандум кој го одбележува почеток на оваа нова соработка.

„Младите таленти се нашиот најголем капитал и инвестицијата во нивното образование и развој на вештини претставува инвестиција во подобрa иднина за нив дома. За нас е клучно што можеме да бидеме дел од нивниот образовен и професионален раст, и сме сигурни дека оваа соработка ќе донесе многу успешни приказни и перспективи како за нив, така и за целата држава“, изјави Деспотовски.

Во таа насока, Јовановска додаде: „Денес имавме исклучителна можност и чест да бидеме дел од програмата на ТИРЗ за да се поврзе и да се охрабри младиот талентиран човек кој сака своите теоретски знаења да ги сподели во бизнис секторот. Се надевам дека во текот на целата учебна година нашите ученици достојно ќе успеат да одговорат на задачите и да бидат можеби дел регрутирани од некои компании каде што за време на летниот распуст, а и понатаму во професионалниот развој, ќе си го најдат своето место под сонцето.“

Во текот на учебната година, меѓу другото, учениците ќе имаат можност да посетуваат пракса во Дирекцијата на ТИРЗ и во дел од зоните, каде ќе работат под менторство на обучени вработени. Оваа пракса им нуди можност да ги применат своите теоретски знаења во реални работни средини, како и да развиваат практични вештини со применлива вредност на пазарот на труд.

Оваа соработка е дел од широката иницијатива „Иднината почнува дома“ за поддршка на младите.

Во изминативе две и пол години, ТИРЗ успешно спроведува програми за пракса за студенти во кои до сега се вклучени повеќе од 20 студенти од различни универзитети и факултети во земјата.

ТИРЗ започна и кампања за презентација на можностите за вработување во компаниите во Зоните. Целта е промоција и поттикнување на професии и нови работни места со додадена вредност, кои носат повисоки плати за секој вработен, а особено за младите и можностите за работа по европски стандарди дома.

Во рамки на оваа иницијатива ТИРЗ веќе обезбеди значителна поддршка за тимовите на млади математичари и физичари кои годинава ја претставуваа нашата земја на најголемите светски олимпијади по математика и физика во Токио. Тие се вратија со прво злато после 30 години по математика, како и со две бронзи по физика.

Група ученици од СЕПУГС “Васил Антевски- Дрен” присуствуваа на емитување на филмот “The YouТube Effect”

Група ученици од СЕПУГС “Васил Антевски- Дрен” имаа можност на 09.10.2023 во Netaville да присуствуваат на емитување на филмот “The YouТube Effect” ▶️
Филмот е истражување на големото влијание на YouTube врз нашите животи, што ги отвора очите, по неговиот подем и трансформацијата од скромно потекло во револуционерна сила со силно влијание врз тоа како го доживуваме светот. Со ексклузивен пристап до основачите и најголемите ѕвезди на YouTube, филмот претставува остроумен и провокативен поглед на платформата длабоко навлезена во нашите животи.
Учениците имаа можност да се описменат медиумски, дигитално и направат критички осврт и анализа на содржините на социјалните мрежи. Воедно, можеа да развијат претприемнички идеи и визија за успешен бизнис.
❓️️ По проекцијата следеше Q&A онлајн сесија во живо со продуцентот Gale Anne Hurd (Terminator, Aliens, The Walking Dead and others), актерот/режисер Alex Winter (The Panama Papers, Zappa, the Bill & Ted franchise, The Lost Boys and others).