Нашата ученичка Сара Јованова од II-11 паралелка освои прво место во категоријата за средно образование на објавениот конкурс од Народна банка и Министерство за финансии по повод Светскиот ден на штедењето – 31 Октомври

На објавениот конкурс од Народна банка и Министерство за финансии по повод Светскиот ден на штедењето – 31 Октомври, нашата ученичка Сара Јованова од II-11 паралелка освои прво место во категоријата за средно образование. Честитки до Сара за нејзиното учество и освоената награда за литературната творба- есеј на тема ,,Штедењето-чекор кон финансиска независност”, под менторство на проф. по македонски јазик и литература, Фросина Митковска.

Денес, 27.11.2023 год. во просториите на Народна банка доделена е наградата од страна на гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска и заменикот-министер за финансии, Филип Николовски.

По доделувањето на наградите и дипломите на сите наградени ученици од основно и средно образование имавме можност да го посетиме и Музејот на Народна банка.

Донација на 10 садници од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилности

Благодарност до Националната Агенција за европски образовни програми и мобилности за донацијата на 10 садници. За таа цел учениците од нашето училиште изработија еколошки пораки со цел подигнување на свеста на младите луѓе.

Втор настан по повод „Јустинијановите приказни“

На вториот настан по повод „Јустинијановите приказни“ нашето училиште доби покана од Правниот факултет ,,Јустинијан први,, да присуствува на овој настан, на кој своите спомени од факултетските денови и животни лекции стекнати во нивниот професионален развој ги раскажаа поканетите гости:
  • г-ѓа Наташа Трпеноска, адвокатка
  • г-дин Горан Михајловски, новинар
  • г-ѓа Кристина Атовска, новинарка
На овој начин се оствари поблиска соработка меѓу поканетите гости и нашите ученици како идни студенти на Правниот факултет На настанот присуствуваа проф.Снежана Бриндевска, проф.Ангела Динева и ученици од трета и четврта година како претставници од СЕПУГС ,,Васил Антевски-Дрен,,