ИДНИНАТА ЗАПОЧНУВА ДОМА! Исклучителна чест и гордост за сите наши сегашни, поранешни и секако идни ученици. Успехот почнува тука во училиштето.
Вчера во Јавна соба – центар за дизајн и иновации во рамките на проектот ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА, во организација на Дирекцијата за ТИРЗ и директорот Јован Деспотовски, Стопанската Комора на РСМ, а поддржана од претседателот на РСМ Стево Пендаровски нашата ученичка Николија Златевска е номинирана во категоријата “Млади двигатели”. Како резултат на реализација на предметот учење преку работа, докажуваме дека теоретските знаења стекнати во училиштето, искуствата од реалниот свет и изложувањето на нашата динамична индустрија, потребите на пазарот на трудот и бизнис секторот се предуслов младите да бидат двигатели на промените. Задоволството за нас како училиште е уште поголемо кога на истиот настан ќе биде номиниран и
поранешен ученик Бранко Рафајловски, во организацијата претставник на Стопанската Комора Даниела Михајловска Василевска, како и водителот и бизнисмен Жарко Димитриоски. Сите заедно имаме иста цел – Иднината започнува дома, заедно можеме многу повеќе, вложуваме во човечкиот потенцијал и подобра иднина за сите нас.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *