На 26.12.2023 (вторник) нашите ученици од прва година од образовниот профил техничар за е-трговија и дигитален маркетинг учествуваа на работилница организирана во просториите на машинскиот факултет.
Проф. доцент Џокиќ Јелена од Машински факултет презентираше како се работи на ХАБ машините, како се дизајнираат и изработуваат разни фигури, предмети, лампиони од метал и пластика.
Се запознавме со ,,Fused Filament Fabrication”, една од технологиите која што се занимава со 3Д печатење, CNC машина за ласерско сечење и гравирање на дрво, пластика, картон, текстил и стиропор, CNC рутер кој служи за обработка на најразлични парчиња односно производи како логоа, макети, печатени плочки и сл.
Учениците набљудуваа примероци од добро осмислени 3Д модели изработени во просториите на ФАБ ЛАБ Скопје и заклучија дека совршени резултати и производи се добиваат кога има правилно користење на печатач, правилен избор на соодветен материјал, осмислен дизајн и континуитет во процесот на печатење.
Нашите ученици имаа можност да ја покажат својата креативност и изработуваа разни предмети и украси.
Учењето не смее да застане, затоа продолжуваме заеднички да се надоградуваме и подобруваме.
No comment yet, add your voice below!