Денес, по повод Светскиот ден на среќата, Градот Скопје организира свечен настан, кој се оддржа на Плоштадот Македонија, нашите ученици како дел од настанот креативни и среќни под менторство на наставниците Душица Кранго и Ирена Трпинова беа дел од него.
Среќата и сонцето денес на плоштадот на нашиот град Скопје станаа живописна слика на прославата, каде смеата силно одекнува и насмевките го красат секое детско лице. Преку лесни игри, давање подароци, писма со пораки и инспиративни разговори, пријателствата се продлабочуваа и се формираа нови врски. Заедно тие создадоа сеќавања кои ќе се задржат долго откако ќе помине денот.
Светскиот ден на среќата, на кој присуствуваа нашите ученици, е повеќе од прослава. Тоа е потсетник на моќта на позитивноста да ги трансформира животите.
No comment yet, add your voice below!