Дигитализацијата, франкофонската двојазична паралека и новите наставни програми во наставниот курикулимот во новата учебна 2024/2025 година се само дел од предизвиците на современиот ВОП и се дел од нашата визија.
Првиот училишен ден започна успешно со поздравно обраќање од страна на директорот на училиштето и мотивацискиот говор на нашиот поранешен ученик д-р Илија Псалтиров дипломат од кариера кој патот на својот успех го започна во нашето училиште.
Горди сме на своите поранешни, сегашни и идни генерации.
Илија Псалтиров ја испрати пораката “учениците треба да го следат својот сон”, да градат пријателство меѓу себе , да развиваат емпатичност и стекнат компетенции потребни за современиот живот преку своето формално образование кое треба да го надополнуваат со неформалното образование градејќи се себеси како личности кои треба да бидат лидери и да носат промени во општеството.
Остануваме сите заедно како наставници и училиште, да ги поттикнеме младите личности да бидат креативни, истрајни и посветени на својот животен пат.
Среќен почеток и многу успеси и на новата генерација 2024/2028 год.
No comment yet, add your voice below!