“Citius, Аltius, Fortius” – “Побрзо, Повисоко, Посилно“ олимпиското мото, е воедно и водечко максима на спортистите и спортските работници при СЕПУГС “Васил Антевски – Дрен“-Скопје.

Спортските тимови на Дрен ги красат сплотеност, упорност и секако многу работа. Нашето училиште во своето 100 годишно постоење е активен и редовен учесник на завршниците на сите училишни спортски натпреварувања. Сето ова е валоризирано во пребогатата ризница од повеќе од 100тина пехари и медаљи, од освоени Први, Втори и Трети места, на натпреварите под покровителство на Град Скопје, а секако и на државно ниво. 

Ваквите впечатливи успеси допринесоа СЕУПГС “Васил Антевски-Дрен“ да е добитник на престижната 13-Ноемвриска награда за спорт на Град Скопје, како и Признание “За особени заслуги во развојот на училишниот спорт“ од Сојуз на спортови на Македонија. 

Во составите на овие училишни спортски екипи низ многугодишното постоење продефилирале многу поранешни и актуелни државни репрезентативци, а во догледно време се надеваме и на многу идни. 

Одговорноста и заслугата за традиционалната завидна спортска клима во училиштето, ја делат сите ученици-спортисти, како и нивните ментори и наставници по Спорт и спортски активности, низ сите години на постоење на СЕУПГС “Васил Антевски-Дрен“.