Skip to content

Прашање во 2021 година – 2

Барање

Дали Вашето училиште има обезбедено паркинг за безбедно паркирање велосипеди за ученици од Вашето училиште? Доколку има, колку велоспеди може да се паркираат на него? Доколку имате информација, Ве молам да споделите колку од учениците во Вашето училиште одат со велосипед на училиште?

Одговор

Средното економско-правно училиште на Град Скопје “Васил Антевски-Дрен”- Скопје,  врз основа на Вашето барање за пристап до информации од јавен карактер, а во врска  дали училиште има обезбедено паркинг за безбедно паркирање велосипеди на учениците од нашето училиште, колку велосипеди може да паркираат на него и  колку од учениците во нашето училиште одат со велосипед на училиште, Ви ги доставуваме следните информации: 

  1. СЕПУГС Васил Антевски – Дрен“-Скопје има обезбедено паркинг за безбедно паркирање велосипеди од страна на  учениците од нашето училиште.
  2. На обезбедениот паркинг за велосипеди може да се паркираат 38 велосипеди.
  3. Мал е бројот на ученици кои доаѓаат на училиште со велосипеди.