Потпишан договор за донација и меморандум за соработка со УНИБанка

Продолжуваме да создаваме подобри услови за образование и развој на младите, благодарност до УНИБанка за донацијата која претставува поддршка за унапредување на наставниот процес и создавање современа средина во која учениците ќе можат полесно да ги развиваат своите знаења, вештини и креативен потенцијал. Во време кога дигиталните алатки се сè позначаен дел од образованието, нивната примена отвора можности за поинтерактивен, визуелен и динамичен пристап кон учењето.

Соработката меѓу УНИБанка и СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ ќе продолжи и преку активности што ќе им овозможат на учениците стекнатото знаење да го поврзат со практични искуства. Дел од учениците ќе имаат можност да реализираат практична настава во Банката, каде одблиску ќе се запознаат со работните процеси и функционирањето на банкарскиот сектор, а за дел ќе се одржат и работилници за финансиска едукација и маркетинг, на кои учениците ќе работат на конкретни задачи поврзани со UniQ – пакетот за млади на УНИБанка.

Потпишан меморандум за соработка со Управата за јавни приходи

Потпишан Меморандум за соработка со Управата за јавни приходи, со кој се отвораат нови можности за практично учење, фискална едукација и професионален развој на нашите ученици.

Во рамки на соработката, 20 полнолетни ученици ќе имаат можност да реализираат практична настава, учење преку работа и феријална практика во работните простории на УЈП. На овој начин, учениците ќе имаат можност да се запознаат со реална работна средина и стекнатите теоретски знаења да ги поврзат со практичната работа.

Посебен акцент е ставен и на фискалната едукација на младите. Преку едукативни посети, предавања, презентации и работилници, учениците ќе се запознаваат со значењето на даноците, јавните приходи и даночната одговорност, како и со улогата на УЈП во функционирањето на јавниот финансиски систем.

15 Септември – Ден на пензиска свесност

15 Септември – Ден на пензиска свесност
Денес во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје го одбележавме Денот на пензиска свесност, со порака дека за иднината треба да размислуваме уште од првата плата, а не на 60 години.
Преку едукација, финансиска писменост и навремено информирање, ги подготвуваме младите за одговорно планирање на својата иднина.
Во рамки на настанот, МАПАС и СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ потпишаа Меморандум за соработка, со кој заеднички ќе придонесуваме кон поголема пензиска и финансиска свесност кај младите.
Знаењето денес е сигурност за утре.

Борба со лажните вести преку стекнување вештини за критичко размислување

Борба со лажните вести преку стекнување вештини за критичко размислување – тема на која работеа нашите претставници на мобилноста организирана во Дист, Белгија, во рамките на проектот “Демократко патување за идни моќни лидери”.
Преку интерактивни работилници, лични излагања и истражувања, претставниците од нашето училиште работеа на лажни вести кои во некој момент биле актуелни во нашите држави, размислуваа како тие влијаеле на популацијата и како би можело да бидат спречени.
Учениците смислија 7 препораки кои се базираат на критичко размилување, а се однесуваат на борба со лажните вести.
Активностите продолжуваат, а ние ви доловуваме дел од атмосверата.

Препораки

Галерија

СЕПУГС ,,Васил Антевски-Дрен” во Европски Парламент

Ученици и наставници од нашето училиште имаа незаборавно искуство при посетата на Европскиот Парламент во рамките на Еразмус+ проектот ,,Демократско патување за идни моќни лидери”.
Учесниците имаа можност одблиску да се запознаат со функционирањето на највисокото законодавно тело на Европската Унија
Во пленарната сала тие се информираа за законодавните процеси кои влијаат на сите земји членки на ЕУ, да поставуваат прашања и да добијат информации од стручните лица вработени во Европскиот парламент.
Една од поважните точки на дискусијата беше креирањето на политиките кои имаат влијание на сите земји, потоа човековите права, економските прашања, глобалните и европските проблеми.
И понатаму продолжуваме да ги поддржуваме младите во нивните лидерски способности, отварајќи им го патот за целосен развој на нивните потенцијали

Домаќини на редовниот годишен состанок на франкофонски паралелки кои се изучуваат во училиштата во Град Скопје , Битола , Куманово и Неготино

Домаќини на редовниот годишен состанок на франкофонски паралелки кои се изучуваат во училиштата во Град Скопје , Битола , Куманово и Неготино, поддржан од Директорот на Францускиот институт во Скопје монсје Hugo Bechtel. Размена на идеи, искуства , предлози и сугестии од директорите на училиштата и нивните координатори резултираа со акциски план за учебната 2024/2025 год.
 
Предизвиците се пред нас во делот на реализација на наставата и изучувањето на францускиот јазик за наставницте кои предаваат други наставни предмети на француски јазик , изработка на заеднички Еразмус проекти со партнери училишта од Франција и размена на ученици од Македонија и Франција предвидена за второто полугодие .
 
Горди сме на училиштето кое е дел од елитното семејството на франкофонските билингвални училишта.!

Денес нашето училиште ја пречека неговата екселенција Кристоф Ле Риголер, новиот амбасадор на Република Франција во РСМ

Денес нашето училиште имаше огромна чест да ја пречека неговата екселенција Кристоф Ле Риголер, новиот амбасадор на Република Франција во РСМ !
Неговата екселенција ја посети првата француската билингвална паралелка во учебната 2024/25 год и присуствуваше на час по француски јазик кај наставникот Сенка Апостолска . Средбата со директорот , учениците и наставниците кои предаваат во истата потоа продолжи со пригодна музичка програма од страна на
Учениците кои се дел од училишниот бенд со музичка изведба на француски песни, од кои амбасадорот беше исклучително воодушевен.
Потоа следеше линковско поврзување со партнер училиште од Франција, со кое започнуваме соработка на проекти за екологија и дигитализација.
Поддршката и соработката со Францускиот културен Центар ,амбасадата на Република Франција во изучувањето на францускиот јазик е од огромно значење за учениците, отворајќи им нови можности за учење , размена на знаења и идеи.
Директорката на училиштето му врачи благодарница на амбасадорот за неговиот континуиран придонес и поддршка. Искрено му се заблагодаруваме и се радуваме на идната соработка.
Merci beaucoup! ✨

Баланс меѓу кариерата и семејството – Пат до успехот!

Присуство на наставниците од нашето училиште на конференцијата “предизвиците на современото семејство”- Баланс меѓу кариерата и семејството,” организирана од Институтот за семејни студии при УКИМ. Инспиративните приказни на успешни жени од различни професии истакнаа дека вистинскиот успех доаѓа кога сме посветени и на работата и на личниот живот. Хармонијата меѓу овие аспекти е клуч за секој кој сака да даде максимум на сите полиња. Семејството е сепак клучна карика за среќни и мотивирани ученици кои во ВОП заедно со наставниците се дел од заедничкото големо семејство.

Претставување на прокетот “Идентификување на причините за долгорочната невработеност на постарите жени во РСМ и Република Србија“

Претставување на прокетот “Идентификување на причините за долгорочната невработеност на постарите жени во РСМ и Република Србија“ кој се реализира во рамки на програмата Visegrad+ Grants во период од 01.10.2024 – 32.03.2026 год. Носител Економски институт координатор на проктот проф.д-р Александра Лозаноскса Можност за предлози за унапредување на образовниот процес во насоки на доквалификација на возрасни жени над 50 год. кои го немаат дооформено средното образование. Истотака работни предлози за можност до завршување на проектот во 2026 год. за преквалификација на лица со оформено средно образование со цел стекнување на дигитални вештини и нивно вклучување на пазарот на трудот. Учесници од АВРМ, Државен завод за статистика , Министерство за труд и социјала, бизнис сектор и репрезентативен синдикат од Сојуз на синдикати.