Во оваа учебна 2021/2022 година застапени се два образовни профили од економска – правна и трговска струка:

  • Економски техничар I, II , III, IV година
  • Правен техничар I, II , III, IV година

Овие профили се со четиригодишно траење.

За специјалистичко образование -петти степен се размислува и ќе се организира по пат на консултативна настава, за која ќе биде потребно кандидатите да имаат две или три години работно искуство во струка, во зависност од специјалноста која кандидатите би ја избрале и би се стекнале со назив специјалист во профилот, доколку успее тоа да го верифицира училиштето.

Профилите за занимања се верифицирани со акт на Министерството за образование, бр. 11-582/2 од  07. 04. 2000г.

Во учебната 2021/2022 годинa во училиштето се запишани и редовната настава ја следат ученици од овие паралелки:

Прва година

Од I-1 до I-7 економски техничар Од I-8 до I-14 правен техничар

Втора година

Од II-1 до II-7 економски техничар Од II-8 до II-14 правен техничар

Трета година

Од III-1 до III-7 економски техничар Од III-8 и III-14 правен техничар

Четврта година

Од IV-1 до IV-7 економски техничар Од IV-8 и IV-14 правен техничар

Наставата во училиштето се одвива во две смени: првата смена започнува во 7:45 часот со учениците од прва и втора година, а втората смена започнува во 13:45 часот со учениците од трета и четврта година. Смените се менуваат на секои две недели. Дополнителните и воннаставните активности ќе се изведуваат во слободните училници во кои учениците имаат тој час спорт и спортски активности, како и во саботите. На ваков начин би можело со учениците целосно да се реализира дополнителната настава, воннаставните активности и да се постигнат планираните резултати. Ова го правиме заради искористување на просторните можности до максимум, од една страна и за задоволување на педагошките барања, од друга страна.

Распоредот за класните раководства е направен кон средината на месец Јули, а распоредот на часови до средината на август.

И оваа учебна година, како и минатата, особено приоритет ќе се даде на воспитната улога на училиштето во делокругот на севкупната воспитно-образовна работа, особено на воспитната улога на класниот раководител. За таа цел класните раководители се задолжуваат според дадените структурирани активности и насоки да изготват своја годишна програма за работа според афинитетите за одредени теми и содржини. Покрај тоа, дадени се насоки за работа на класните раководители во поглед на навремено информирање на родителите во согласност со Законот за средно образование и Статутот на училиштето.

Со цел да може ефикасно да се реализира планираната настава, распоредот на часовите по одделни предмети по потреба ќе се менува според предвидените наставни единици или вежби, така што барањето за блок часови ќе се реализира во целост, како и повремено што сметаме дека дава позитивни резултати и покрај тешкотиите при изработката на распоредот.

Со опремата во сметачките кабинети на стручните активи им овозможува изготвување и целосно подготвување на наставен материјал. Наставниците можат овие материјали самостојно да ги изработуваат и искористуваат за свои потреби. Наставниот материјал ќе се изготвува и умножува на фотокопири со кое училиштето располага.

Дополнителна настава

Имајќи го во вид искуството од организирање и реализирање на дополнителната настава од минатата година, како и резултатите и задоволствата на родителите од ваков начин на помош на учениците, и оваа година ќе се реализира и за тоа ќе се води посебна евиденција и контрола. Со ваквата евиденција на присутноста на учениците се има целосна слика за ученикот, така што секој предметен наставник или класен раководител може да го извести родителот на ученикот за неговата редовност во дополнителната настава.

Дополнителна настава ќе се изведува во два вида:

а.  Континуирано изведување на дополнителна настава по предметите:

  • Математика
  • Странски јазици
  • Информатика

б. Дополнителна настава се организира за ученици кои покажуваат континуирано слаби резултати во учењето, а особено ако:

  • Имаат најмалку две слаби оценки,
  • Имаат слаби резултати по одреден наставен предмет,
  • Отсуствуваат од наставата по одреден наставен предмет
  • На барање на ученикот или неговиот родител, односно старател

Дополнителна настава ќе се изведува во точно дефиниран распоред. Со распоредот за одржување на дополнителната настава, училиштето ќе ги информира учениците преку класните раководители и предметните наставници.

На дополнителната настава ќе се следи редовноста на учениците и истита ќе биде евидентирана во посебен дневник за работа и дневникот за работа на паралелките.

Во периодот од 21 мај до 30 јуни, и од 10 до 15 август, училиштето е должно за сите ученици  кои полагаат државна матура да организира подготовка за полагање на поправните и редовните испити, како и подготвителна настава по завршните испити.

Ваквата подготвителна настава ќе се изведува и за учениците од сите други години по завршувањето на учебната година и тоа во период од 15 јуни до 30 јуни, како и од 15 до 20 август во августовскиот испитен рок.        

Консултативна настава

Консултативна настава ќе се организира како форма за укажување на помош на учениците пред сесиите за полагање на поправни испити, како и пред сесиите за полагање на државната матура. Ваква подготвителна или организирана како консултативна настава ќе се изведува како за редовните, така и за вонредните ученици кои во процесот на самообразование не се во состојба, или пак тешко можат да ја совладаат наставната материја.

Искуството од организираната консултативна настава во јунскиот и августовскиот испитен рок покажува постигнување на солидни резултати на поправните, а исто и организираната консултативна настава за редовните и вонредните ученици.

Додатна настава

Додатната настава ќе се организира  со цел учениците да ги продлабочат знаењата од одредена област за кои учениците ќе покажат интерес, а по претходно изготвена програма која ќе се проширува на иницијатива на учениците. Планирањето на ваквата додатна настава е во доменот на планирањето и програмирањето на работата на стручните активи и поодделните активности. Активите даваат свои програми за додатна настава од различни области (било да се работи за област кои ги продлабочуваат знаењата, или пак, се дел од продлабочени интереси на содржини кои ќе им користат во понатамошното образование).

Додатната настава може да се реализира надвор од работната недела на ученикот, во и надвор од просториите на училиштето. Ваквите активности на додатната настава можат да се согледат преку учество и работа на ученици на мали училишни проекти и меѓународни проекти во кои е вклучено училиштето.

При реализација ќе се применуваат современи комуникативни методи и технички средства со цел да се поттикне креативноста. Додатната настава, исто така, се евидентира во дневник за работа. Училиштето со цел да им овозможи на учениците да можат своите знаења од одредена област да ги прошират ќе учествува и на конкурси за мали микро и макро проекти и за тоа ќе пријавува свои ученици.

Поврзување на еко програмата со редовната настава

Еко стандардите или стандарди за одржлив развој се водич за нашата образовна институција при создавање на полиса за развивање и усовршување на животната средина. Овие стандарди содржат јасно поставени цели кои носат конкретни и мерливи резултати. Со реализација на точките на акција од еко стандардите вршиме конкретни промени во средината кои доведуваат до финансиски заштеди и за институцијата и за пошироката заедница.

Еко стандардите кои ги применуваме се

  • заштеда на енергија
  • заштеда на вода
  • одржување на зградата и здрава средина во училиштето
  • уреден и еколошки двор

Во учебната 2021/22 година се воведуваат девет теми за еколошко воспитание и едукација како основа за поврзување на праксата со теоријата и доближување на еколошките содржини до учениците.

Темите кои се третираат

  1. Вода
  2. Енергија
  3. Училишен двор
  4. Здрава и чиста внатрешна средина
  5. Отпад
  6. Биодиверзитет
  7. Транспорт
  8. Здравје
  9. Одржлив развој

Во процесот на учење и информирање за темите користиме интернет и литература која може да ја набавиме.

Екскурзии

Ученичките екскурзии претставуваат посебна форма на воспитно-образовна работа со која на организиран начин се прошируваат општите и стручните знаења на учениците.

За таа цел оваа учебна година екскурзиите ќе се реализираат исклучиво според правилникот за екскурзии на Министерството за образованиение и наука на Република Северна Македонија со можност за промени на временските термини во зависност од временските услови.