GOT POLLUTION? BE THE SOLUTION…RECYCLE!

СЕПУГС Васил Антевски Дрен, од 2016 до 2018, зема учество како партнер училиште во проектот GOT POLLUTION? BE THE SOLUTION… RECYCLE!

Проектот е добиен во рамките на ЕРАСМУС +Програма, КА2 – Соработка за иновации и размена на добри практики, стратешки партнерства помеѓу училишта. Заедно со уште пет училишта од Европа, нашето училиште преку овој проект ќе се обиде да ја подигне свеста кај учениците и целокупната јавност за рециклирање на материјалите и зачувување на животната средина.

ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ

Целта на овој проект е да се разбуди свеста особено кај младата популација, односно кај ученците за секојдневните проблеми кои ги имаме со загадувањето на животната средина, главно од индустриското загадување и отпадот кој доаѓа од домаќинствата. Преку овој проект учениците добиваат можност да размислуваат на овие теми, да бараат креативни начини на кои може да се искористат рециклирачките материјали, односно преку креативни активности, работилници и предавања самите ученици да изнајдат начини на кои корисно и иновативно ќе ги користат потрошните материјалите, а на тој начин ќе помогнат во намалување на загаденоста која е во постојан пораст. Преку контактот со други култури, учениците ќе имаат можност да научат повеќе за проблемите на загадувањето во другите држави и како тие ги решаваат овие проблеми, Со тоа се зголемува крос куртуролошката толеранција и секако се развиваат нови идни соработки и партнерства.

УЧЕСНИЦИ

Во проектот ќе бидат вклучени ученици од прва и втора година, чијашто задача ќе биде, преку цртеж да изработат лого за проектот, со кое ќе учествуваат на натпреварот за избор на официјален симбол на овој проект, заедно со останатите училишта, партнери во проектот. Во проектот учествуваат и наставници кои несебично ќе ги поддржуваат учениците низ сите активности и ќе ги поттикнуваат на аналитичко, креативно размислување и тимска работа во пронаоѓање на корисни решенија.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Преку овој проект се очекува учениците да научат многу повеќе од она што го знаат за рециклирањето, материјалите кои можат да се рециклираат, како тоа влијае во заштита на животната средина и како истата може да се зачува. Преку директно учество во активностите и преку знаењето кое ќе го стекнат преку овој проект, сметаме дека тие ќе развијат лична одговорност за односот кон загадувањето, неговото спречување и заштита на средината во која живеат. Сето знаење, кое се очекува да прерасне во нивен личен став, очекуваме да биде пренесено и на нивните врсници со што ќе се добие еден вид на доживотно учење.

Меѓу другото се очекува учениците преку комуникацијата со врсниците од различни култури да ги развиваат своите комуникациски и интеркултуролошки вештини.

Во тимот на СЕПУГС Васил Антевски – Дрен, се вклучени : 1. Александар Канурков, директор 2. Мери Димитровска,професор по инфоматика 3. Олга Атанасовска, професор по германски јазик 4. Ива Стојановска-Јакимовски, училишен психолог Тимот на СЕПУГС Васил Антевски Дрен, е предводен од координаторот на проектот за нашето училиште, м.р.Соња Панева, професор по македонски јазик.