Името на проектот е “WE ARE DIFFERENT, WE ARE EUROPE ALL TOGETHER”. Идејата на проектот е учениците да се запознаат со различните култури на партнер земјите и наместо да ја претставуваат својата култура, преку истражувања и дружење да ги претставуваат другите култури, односно да го продлабочуваат знаењето за истите.
Целта на проектот е преку соработка и знаење да се осознаат разликите, но и да се работи на антидикриминацијата на различните култури.
Со проектот предвидeни се многу интересни активности, во кои учество ќе земат ученици и професори од нашето училиште. Учениците ќе имаат можност да посетат многу креативни работилници, предавања и дебати во врска со темата наведена погоре. Исто така ќе ги истражуваат традиционалните јадења и рецепти на партнер земјите. Училишниот бенд ќе подготвува традиционална музика, карактеристична за секоја партнер земја.
Преку овие и други активности ќе се отвори можност за дијалог помеѓу различни Европски култури од различни националности. Преку дијалогот ќе се основаат пријателства, кои во иднина ќе водат кон намалување на расизмот и дискриминација на различните културите. Крајната цел на проектот е зголемување на културолошката свесност кај младата популација.
Официјален јазик на проектот е англиски, но со цел унапредување на другите јазици ќе се користат и јазиците од сите партнер земји вклучени во проектот.
Во проектот се планирани три мобилности и два транснационални состаноци, на кои учесниците ќе ги разменат своите искуства и знаења.
Отворен повик и критериуми за учество во проектот.
Конкурс за избор на лого на проектот.