Проектот започнува со реализација во 2020 година. Во наведениот проект учевствуваат училишта од: Македонија, Турција, Романија и Полска. Главен координатор на проектот е училиштето од Р. Романија. Траењето на проектот е продолжено за 1 година, поради случувањата со Ковид пандемијата, така што проектот ќе заврши на 31.08.2023 година. До сега се реализирани 2 мобилности од проектот, а преостануваат уште 4 мобилности кои треба да се реализираат во училиштата во Турција, Романија и Македонија. Во проектот и мобилностите учениците и наставниците се запознаваат со следните теми и активности:

Турција – обука и тренинг со едноставни СТЕАМ активности

Романија – Дизајнирање на сопствен робот

Македонија – Истражување на Марс (воспоставување на живот на Марс)

Турција – Традиционална уметност, културно наследство, загрозени видови

Полска – Добри практики со СТЕАМ

Романија – Натпревар во СТЕАМ

Во изработките и реализираните активности учевствува наставниот кадар и учениците, за што по реализираните мобилности наставниците и учениците реализираат дисеминација на стекнатите знаења и вештини, со што ги запознаваат учениците и наставниците со проблематиките кои се работат на самите мобилности, продуктите кои ги создаваат, со цел да се доближат овие проблематики до сите заинтересирани ученици и наставници.

Покрај сите блиски и далечни теми кај учениците и наставниците се менува ставот кон стеам вештините, се запознаваат со алатки и методи кои може да се вклучат во секојдневната настава. Учениците се запознаваат и активно почнуваат да ги следат новите трендови за роботика, вештачка интелигенција, современа технологија, се запознаваат и со ученици од наведените земји и училишта, со што се зајакнува интернационална соработка помеѓу нив.

 

 

Координатор

Кристијан Стојановски