Проектот е започнат со реализација во 2019 година. Во истиот учествуваат Македонија, Турција, Латвија и Италија. Главен координатор е Латвиското училиште. Поради пандемијата реализацијата е продолжена за 1 година и проектот ќе заврши на 31.08.2022 година.

Останата е последната мобилност во Италија, која се планира да се реализира во Јуни 2022 година.

Во проектот учествува наставен кадар од нашето училиште. На секоја мобилност се следи обука на различна тема и тоа:

Македонија – Програмирање во СКРЕЧ и МБЛОКОВИ

Латвија – Мобилни апликации

Турција – Ардуино сетови

Италија – EV3 Mindstorm and Lego

После секоја мобилност следи дисеминација и употреба на стекнатато знаење од страна на наставниот кадар кој бил на обуките. За време на мобилностите наставниците учат како да ги користат во наставата и како да им ги доближат на учениците овие веќе многу популарни дигитални алатки кои се коористат во училиштата низ цела Европа, а и пошироко.

Меѓу сите едукативни активности, низ мобилностите се запознаваат културите и традициите на партнер земјите (во овој случај тоа се Турција-Анталија, Италија-Росарно и Латвија-Рига), нивните образовни системи, се зајакнуваат стратешките партнерства на училиштата низ Европа и се градат силни врски меѓу земјите учеснички.


Координатор

Ива Стојановска Јакимовски