Врз основа на член 42 од Законот за средното образование (“Службен весник на Република Македонија”број 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010,116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016, 67/2017 и 64/2018 и “Службен весник на Република Северна Македонија” број 229/2020), Законот за стручно образование и обука (“Службен весник на Република Македонија” број 71/2006, 117/2008, 148/2009, 17/2011, 24/2013, 137/2013, 41/2014, 55/2016 и 64/2018 и “Службен весник на Република Северна Македонија” број 275/2019), Конкурсот од Министерство за образование и наука за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година во Република Северна Македонија од март 2024 година и Конкурсот за изменување и дополнување на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година во Република Северна Македонија од Министерство за образование и наука од 17 април 2024 година, Училишната комисија за запишување на редовни ученици во прва година објавува
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С
за запишување на редовни ученици во I (прва) година
во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен”- Скопје за
учебната 2024-2025 година
Во Средното економско-правно училиште на Град Скопје „Васил Антевски-Дрен”- Скопје, во учебната 2024/2025 година во I (прва) година ќе се запишат 467 ученици во 14 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:
Економско-правна и трговска струка – 467 ученици, 14 паралелки
- ЕКОНОМСКИ ТЕХНИЧАР– 102 ученици во 3 паралелки со четиригодишно траење со минимум 60 поени, на македонски наставен јазик.
- ПРАВЕН ТЕХНИЧАР – 204 ученици во 6 паралелки со четиригодишно траење со минимум 60 поени, на македонски наставен јазик.
- ТЕХНИЧАР ЗА Е-ТРГОВИЈА И ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ – 136 ученици во 4 паралелки со четиригодишно траење со минимум 60 поени, на македонски наставен јазик.
- ПРАВЕН ТЕХНИЧАР (МАКЕДОНСКО-ФРАНЦУСКА-БИЛИНГВАЛНА) – 25 ученици во 1 паралелка со четиригодишно траење со минимум 60 поени, на македонски наставен јазик.
I УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ
Запишувањето на учениците во учебната 2024/2025 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и со овој Интерен оглас.
1. Условите за запишување на учениците во прва година се:
2. Критериуми за избор на учениците се:
- среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
- среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката – математика и историја);
- дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката (математика и историја );
- средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.
За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование – мајчин јазик и странски јазик и два предмети што се значајни за струката – математика и историја) ученикот може да добие најмногу 20 поени ( 5 поени за секој предмет).
За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:
- за освоена прва награда или златен медал на меѓународен натпревар 5 поени, втора награда или сребрен медал 4 поени и трета награда или бронзен медал 3 поени.
- за освоено место од државни акредитирани натпревари: за I место – 3 поени, за II место – 2 поени и за III место – 1 поен.
За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. ( Примерноповедение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделено со 4).
Доколку се пријават поголем број ученици од планираниот број предвиден во овој Оглас, а кои ги исполнуваат предвидените услови, ќе се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети мајчин јазик и математика.
Тестирањето се однесува за сите ученици кои имаат ист број поени и се под и над последниот реден број предвиден за прием согласно Огласот.
Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во училиштето ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Огласот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во училиштето.
За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија ( VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.
Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година нема да биде обезбеден, ако избраниот вид на образование (струка или профил) го има во општината односно регионот.
II ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
По објавувањето на ранг листата, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:
- пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
- оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
- дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значајни за струката – историја и математика;
- извод од матична книга на родените ( без оглед на датумот на издавање).
III КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши јунски уписен рок со две пријавувања.Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.
- Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 20 јуни до 25 јуни 2024 година до 15:00 часот.
- Доставувањето на потребената документација до училиштето е на 20, 21 и 24 јуни од 07.00 часот до 17.00 часот и на 25 јуни 2024 година од 07.00 часот до 15.00 часот.
- На 21 јуни, доставувањето и приемот на потребната документација во училиштето, нема да се реализира согласно Програмата за неработни денови за 2024 година.
- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2024 година, најдоцна до 09.00 часот на огласната табла на училиштето и на училишната интернет страница.
Доколку се пријават поголем број ученици од планираниот број предвиден во овој Оглас, а кои ги исполнуваат предвидените услови ќе се организираквалификационо тестирање во училиштето на 28 јуни 2024 година по предметите мајчин јазик и математика, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 28 јуни 2024 година, на огласната табла на училиштето.
- Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 01 јули и 02 јули 2024 година до 15:00 часот.
- Доставувањето на потребената документација до училиштето е на 01 јули 2024 година од 07.00 до 17.00 часот и на 02 јули од 07.00 часот до 15.00 часот.
- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 03 јули 2024 година, најдоцна до 09.00 часот на огласната табла на училиштето и на училишната интернет страница.
Доколку се пријават поголем број ученици од планираниот број предвиден во овој Оглас, а кои ги исполнуваат предвидените услови ќе се организираквалификационо тестирање во училиштето на 5 јули 2024 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 5 јули 2024 година, на огласната табла на училиштето.
- За учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштето доколку има слободни места после уписниот рок со две пријавувања.
- Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август 2024 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски.
- Доставувањето на потребената документација до училиштето е на 21 август од 07.00 часот до 17.00 часот.
- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето ќе се објави на 22 август 2024 година, најдоцна до 12.00 часот, на огласната табла на училиштето и на училишната интернет страница.
По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.
IV ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
- Изборот и запишувањето на учениците се врши врз основа на конечна ранг листа според вкупниот број на поени што се пресметуваат одделно за секој ученик– кандидат;
- Вкупниот број поени се утврдува според критериумите за избор наведени во точка I потточка 2.
V РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИГОВОР
- Учениците и нивните родители односно старатели имаат право на приговор во рок од 12 часа по истакнувањето на конечната ранг листа, а училишната комисија ги решава приговорите од учениците по конечната ранг листа, во рок од 12 часа по истакнувањето на истата.
VI РОК ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ НА НЕЗАПИШАНИТЕ УЧЕНИЦИ
- По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа од 07:00 часот до 19:00 часот, а училиштето има обврска да ја врати целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.
- Доколку учениците кои не се запишани во училиштето не ја подигнат целокупата доставена документација поднесена во училиштето во горенаведениот рок, истата ќе биде вратена по пошта (препорачано).
Скопје, април 2024 година