Библиотеката на СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен” располага со книжен фонд од над 7000 книги. Книжниот фонд содржи стручна литература, белетристика, задолжителни лектири како и современа литература за млади од домашни и странски автори. Библиотеката располага и со литература на англиски и француски јазик. Корисници на библиотеката се учениците и вработените во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“. Местото и улогата на библотеката се во неделива врска со наставниот процес – користењето на библиотечниот фонд е нужност во процесот на образованието и ја развива љубовта кон читањето. Училиштето продолжува да инвестира и да го зголемува книжниот фонд во библиотеката од година во година со цел да понуди сеопфатни материјали кои промовираат еднаквост, различност и инклузивност во процесот на образованието. Ние постојано ги охрабруваме и насочуваме нашите корисници да го истражуваат прекрасниот свет на литературата и да ги користат нашите ресурси.
 
Библиотеката се наоѓа на приземјето во училиштето и е отворена во текот на двете смени. Ве очекуваме!