Средно економско правно училиште на град Скопје „Васил Антевски -Дрен“ од Скопје, се наоѓа  на подрачјето на општината Кисела Вода, како дел од општините на Град Скопје, на улица “Вера Јоциќ“ бр.4, сместено во класична зграда, тврда градба, со вкупна површина од 7284 м2Освен зградата, училиштето располага со училишен двор, тревнат дел со зимзелени и други дрвни насади, со игралиште за ракомет и мал фудбал, игралиште за кошарка и одбојка, со вкупна површина од 7547 м2Училиштето располага и со модерна опремена фискултурна сала, која беше целосно реновирана изминатата година. Објектот е наменска градба и е пуштен во употреба во 1980 година. Со оглед на тоа што се проширува дејноста на училиштето и бројот на паралелките, а поради големиот интерес за неговите струки и профили, набрзо ќе се јави потреба од нов простор за кабинетска и друг вид настава. Затоа се направени помали кабинети за практичната настава која се изведува со помали групи од класовите. На училиштето, особено му недостасува помошен простор за проширена дејност и за извршување на административно канцелариски работи.

Во планирањето на воспитно образовната работа опфатени се 1525 ученика, од I до IV година во два профила, од кои по 7 паралелки економски техничар и по 7 паралелки правен техничар од прва до четврта година. Вкупниот број паралелки и оваа учебна година се 56.

Материјално-техничката опременост во училиштето во глобала ги задоволува целосно потребите за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес.

1
Години
1
Паралелки
1 +
Ученици
1 +
Вработени

Мисија

Ние сме Средно економско правно училиште на град Скопје „Васил Антевски -Дрен“. Средина на свесни, принципиелни, културни и доблесни индивидуи. Градиме заемна доверба и почит. Ученикот е центар на сите наши заложби и ангажирања.

Нашите приоритети во сите степени и форми на образование се: квалитетни образовни услуги, надминување на стереотипите и развивање на нивото на културата на однесувањето.

Современо опремените училници овозможуваат високо професионална интегрираност на теоретските и практичните знаења. На учениците да им овозможиме да постигнат успех во рамките на наставниот план и програма во воспитно-образовниот процес, кој ќе го промовира моралниот, менталниот и физичкиот развој во училиштето и општеството, да стекнат знаење и вештини кои ќе бидат корисни во нивниот понатамошен живот и работата за која ќе се определат.

За стопанството и јавната администрација подготвуваме стручно оспособени кадри од економската и правната струка. И повеќе од тоа – образуваме и воспитуваме за да можат учениците да го разберат процесот на учење за целиот живот, продолжувајќи го своето образование и на универзитетите во и надвор од Македонија и да решаваат проблеми и да имаат критичен однос кон ненаучените теории, идеи и идеологии, како и спрема носителите на истите. Тоа го правиме со личниот пример во професионалноста, блискоста, добрината и хуманоста.

Перманентно заедно учиме од светските искуства.

Нашето училиште подготвува ученици за мултикултурален и мулти лингвистички свет преку сваќање на економските и индустриските процеси, со развој на претприемничкиот свет и култура. Учениците се подготвуваат за живот, работа и создавање општество и економија кои се базираат на знаењето преку основните вештини:

  • работа на компјутери;
  • странски јазици;
  • образовно технолошка култура;
  • претприемништво;
  • социјални вештини;
  • комуникациски вештини.

Мерки за нашата споредба се елитните едукативни организации во светот. Посветени сме на младиот човек со желба од него да се создаде корисен граѓанин кој ќе ги знае своите права и одговорности, знае да го цени и почитува секој без разлика на пол, раса, култура, национална и верска припадност, како и социјална положба.

Со родителот ја споделуваме љубовта кон неговото дете. Всушност на патот кон поставената цел на ученикот и училиштето, родителот е нашиот најголем соработник. Тој ни го доверил најскапото во животот – детето, да го воспитуваме и од него да направиме човек. Во интерес и наш и негов.

Визија

Да опстанеме како ефективно економско правно училиште во Република Северна Македонија, познато и признато во регионот и во Европа со високо квалитетно образование и како регионален центар за училишта од економска, правна и трговска струка преку;

  • Усовршените форми за работа со учениците;
  • Перманентното следење, развивањето и надградувањето на постојните и учеството во изработката на новите наставни планови и програми;
  • Соработката со работните и образовните институции;
  • Организацијата на работата;
  • Средината со здрава клима;
  • Средината со актуелна училишна култура;

Организација со широк спектар на вонинституционални форми

  • Преквалификации, доквалификации и усовршување на кадри;
  • Курсеви за граѓанството -интелектуални услуги, финансиски, правни, сметководствени и др. работи

Средно економско правно училиште на град Скопје „Васил Антевски -Дрен“

  • Создавање на едукативна лабораторија;
  • Создавање и користење на образовен софтвер;
  • Обука на кадри.

Меѓународна соработка со исти и слични организации

  • Работа на проекти;
  • Размена на искуства;
  • Обука на кадар.

Сегментите на нашата определба бараат и одрекување и знаење, затоа основна политика и порака е да создадеме и да го одржиме трендот на училиштето во кое сите учат.

Организацијата на работата е сфера низ која се прекршуваат сите обврски и очекувања. Создавајќи организација во која сите учат, создаваме средина во која секој во исто време е незаменлив. Стремежот да се биде прв пред сите и да бидат задоволени сите очекувања од клиентот, и тоа навремено и квалитетно не принудува да примениме широк спектар на стратегии.

Материјално - технички услови за остварување на воспитно-образовната работа

Училиштето располага со простор и опрема кои ги задоволуваат стандардите за квалитетно изведување на наставата според наставните планови и програми кои се изведуваат во училиштето. Трендот на доопремување на училиштето со потребна опрема за изведување на теоретска и практична настава нема да застане, напротив, училиштето и понатаму ќе настојува преку сопствените и други средства да го доопремува и осовременува. Оваа учебна година наставата ќе се изведува во училници со цел да се зачуваат компјутерите и училишниот инвентар од оштетување.

Бесплатните учебници кои ќе бидат добиени за учениците од Владата на РСМ, ќе бидат распоредени на секој ученик поединечно.

a. Просторни услови

Наставни просторииБрој
Училници30
Мини училници за практична настава5
Специализирани кабинети8
Простории за општествени и педагошки дејности2
Простории за наставниците4
Просторија за директорот1
Просторија за фотокопирање2
Просторија за референт за училишни прашања1
Простори за педагошко-психолошка служба2
Библиотека и читална1
Соба за соработка со родители1
Просторија за младинска организација и кариерен центар1
Просторија за културно-уметнички приредби1
Чајна кујна1
Кариерен центар1

б. Опременост на училиштето

Опременост на училиштетоБрој
Компјутери45 статични + 4 лап топ
Графоскопи5
Разгласни станици1-исправна
ТВ-приемници5
Фотокопири3
Смарт табли4
Ласерски печатари3
Дигитален фото апарат1
Таблети30
ЛЦД-проектори6
Касетофони за практична настава10
Минисистеми1
Печатари – црно бели3
Печатари во боја1
Скенери2

Училишниот простор овозможува реализација на теоретска и на практична настава и кабинетска настава. 

Спортската сала и спортските терени во училишниот двор овозможуваат работа на секции кои ги планираат наставниците по спорт и спортски активности. Се планира спортските терени да се реновираат и да се изгради фитнес центар под фискултурната сала. Планираните активности од драмската секција, рецитаторска секција, училишен хор, ПП секција, Црвен крст кои можат целосно да се реализираат, во општо образовниот кабинет кој е опремен со најсовремена аудиовизуелна опрема.

Кабинетот по бизнис, сметководство, општо образовниот и информатика 1 и 2 (кои беа целосно реновирани) и еден кабинет од Кинеска донација овозможуваат работа преку додатна настава на сите оние ученици, кои сакат да истражуваат или да ги збогатуваат своите информации преку користење на Интернет мрежата, работа на мали училишни проекти.

Училиштето ќе биде обезбедено со бесплатни учебници за учениците од Владата на РСМ. Во почетокот на учебната година ќе бидат распределени со упатство за чување на учебниците. Ќе бидат ангажирани класните раководители и библиотекарот за проверка на состојбата на учебниците во текот на годината.

Цели, приоритети и активности на училиштето

Целта на Средно економско правно училиште на Град Скопје „Васил Антевски-Дрен“ произлегува од самата дејност на училиштето како воспитно образовна установа која образува кадри од економска и правна струка.

Општи цели на училиштето

Општите цели на училиштето за образовните профили кои се образуваат во нашето училиште е лесно, ефикасно и професионално да ги применуваат стекнатите знаења, да се оспособуваат учениците да ги решаваат и разрешуваат прашањата од доменот на нивната работа, да можат да користат стручна литература и документација, самостојно да се самообразуваат и усовршуваат во текот на нивниот живот, да бараат стручна помош за она што не се во состојба сами да го решат, да се оспособуваат за тимско работење и извршување на работата и тоа да им причинува задоволство, да се навикнуваат на самодисциплина и одговорно извршување на своите обврски итн.

Цел на средно економско правно училиште на Град Скопје „Васил Антевски -Дрен“ е да ја зачува долгогодишната традиција, зошто во нашето училиште се стекнуваат првите економски и правни знаења потребни за во стопанството, јавната администрација и науката .

Училиштето се грижи нашите ученици да се стекнат со знаења и да се развиваат како граѓани, да се учат на тимска работа, да се подготвуваат за живот, да го осознаваат светот на работата, да се подготвуваат како идни родители, да се грижат за околината, да го сфатат значењето на животот и системот на вредности, да развиваат позитивни ставови и да се подготвени за самопроценување.

Посебни цели

Средно економско правно училиште на Град Скопје „Васил Антевски-Дрен“ како воспитно-образовна установа за наведените струки ги има и следниве посебни задачи:

  • подобрување на квалитетот на наставата преку користење на информатичка технологија, современи форми и методи на работа;
  • перманентно следење, развивање и надградување на постојаните наставни планови и програми и наставните содржини;
  • подобрување на интерперсоналните односи;
  • подобрување на соработката со родителите и градење на партнерство меѓу училиштето и семејството;
  • унапредување на соработката со локалната средина;
  • градење на училишна клима која го поттикнува учењето;
  • вклучување и работа на проекти;
  • унапредување на оценувањето согласно со квалификациони стандарди;
  • подобрување на редовноста на наставниците и учениците.

Задачи и активности

За остварување на поставените цели во училиштето ќе се превземат соодветни задачи и активности.

Приоритет ќе се даде на следниве:

  • да се обучат наставниците преку организирани семинари за работа со информатичка технологија и користење на стручна литература, користење на современи аудио-визуелни нагледни средства и перманентна евалуација.
  • да се следи реализацијата на воспитно образовниот процес, соработка меѓу и во стручните активи, соработка со училиштата со сродни струки и профили, соработка со Бирото за развој на образованито, соработка со Министерството за  образование и наука, соработка со    правниот и економскиот факултет и други сродни факултети;
  • да се воспостави уредна и пријатна средина за работа, систем на вредности и систем на наградувања, атмосфера на ред и дисциплина, добра соработка со родители, систем за развивање на позитивни ставови кај персоналот, систем за спроведување и донесување на одлуки, систем на отворени и чесни комуникации. Оваа задача ќе се реализира преку градење на заемна почит и довреба, соработка, колегијалност, другарување, отвореност, комуникативност, флексибилност, самокритичност, култура на однесување, одговорност, толерантност, несебичност, точност,  совесност, аргументираност, доследност и чесност. Ова е процес и клима од вредности и норми коишто ги канализираат наставниците и учениците во насока на успешно предавање и учење зголемувајќи ја ефикасноста на организациската поставеност во училиштето;
  • перманентна соработка со родителите преку општи родителски средби организирани од Директорот, родителски средби во класот организирани од класниот раководител,    индивидуални со предметните професори и советодавни со педагошко-психолошката  служба во текот на учебната година.
  • изготвување на интерни и екстерни проекти по соодветни предмети со

           натпреварувачки и презентерски карактер;

  • користење на стандардизирани и објективни тестови, проектни задачи, перманентно следење на ученикот, отварање и ажурирање на личен картон на ученикот и доследно водење на педагошката евиденција;
  • водење на доследна педагошка евиденција од страна на класниот раководител и предметните наставници за отсуството на учениците, навремено известување и соработка со родителите, советодавно работење од страна на педагошко-психолошката служба, запознавање на учениците со обврските, правата и должностите од Статутот на училиштето, подобрување на безбедносните мерки во училиштето, изрекување на соодветни педагошки мерки и др.

Приоритетни задачи

  • Подигнување на квалитетот на наставата преку осовременување на процесот на реализација со користење на опремени кабинети и активно користење на наставни средства и образовни технологии, преку имплементација на проектите „Бесплатни учебници“ и  „Компјутер за секое дете“.
  • Поттикнување и развивање на програма за ученици со посебни потреби.
  • Поттикнување на наставниот кадар за активно вклучување и реализација во меѓународни и домашни проекти.
  • Поттикнување на наставниот кадар за зајакната примена на воспитната дејност содржана во наставните единици.
  • Засилена работа на стручните активи со цел усогласување на критериумите и стандардите  за реализација и вреднување на наставата преку извршување на самоевалуација.
  • Користење на е-дневник.
  • Учество на училиштето во Спортските Лиги организирани од Град Скопје.
  • Интегрирање на еколошката едукација во училиштето преку разни форми и активности во склоп на наставата.
  • Промоција на училиштето, градот и државата преку земање учество во меѓународни проекти и други активнсти.
  • Зголемување на соработката со бизнис секторот и други надворешни институции.