- Наставата за прва смена започнува во 07:45 часот, а за втора смена во 13:45 часот. Часовите траат 45 минути и има еден голем одмор од 20 минути помеѓу 3. и 4. час.
- Користи го влезот за ученици. Влезната врата ќе биде затворена за време на часовите.
- Не доцни на часовите, доаѓај 5-10 минути пред почетокот на наставата. Одморот користи го рационално и внимавај да не задоцниш на четвртиот час.
- Не ја нарушувај планираната работа, внимавај и не зборувај за време на часот. Секогаш биди подготвен за работа и настава. Редовно носи го ученичкиот прибор и спортска опрема.
- Не јади, не пиј и не џвакај мастика за време на часот.
- Биди пример со својот изглед и однесување. На училиште не доаѓај непристојно облечен ( кратки панталони, скинати фармерки, тренерки, провидни и маички со разголени раменици, разголено деколте, не носи капа, пирс, …)
- Мобилниот телефон не го користи освен ако не добиеш одобрување од професорот. Телефонот, парите чувај ги кај себе.
- Чувај го училишниот инвентар, (секоја направена штета се наплатува од сторителот или солидарно од сите ученици во паралелката.)
- не шкртај по клупите, столчињата, ѕидовите и вратите
- не крши столчиња, прозорци и врати
- не ги оштетувај проектите, постерите, штекерите и чешмите.
- Грижи се за хигиената во училиштето
- Однесувај се пристојно за време на одморите ( не трчај по ходниците и училниците).
- Не излегувај надвор од училишниот двор за време на настава
- Не ги повикувај другарите кои не се ученици во нашето училиште да доагаат за време на наставата.
- Почитувај ги соучениците, помогни им, биди солидарен, искрен.
- Не омаловажувај, не навредувај, избегнувај ги конфликтните ситуации со соучениците.
- Почитувај ги професорите и другите вработени во училиштето.
- Навремено информирај ги родителите за својата работа во училиштето и надвор од него.
- Извести го навремено класниот раководител за отсуствата од наставата. Ако класниот раководител е со часови во другата смена, обрати се во психолошко – педагошката служба или помошник директорот за настава.
ПОЧИТУВАЈ ГО КУЌНИОТ РЕД!