
Прoфесор д-р Александра Максимовска, редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан Први”, зборуваше како нејзиниот сон станува реалност, реализиран уште од средношколските клупи како наш ученик. ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ВАСИЛ АНТЕВСКИ – ДРЕН, МЕСТОТО КАДЕ ШТО ВАШИОТ СОН МОЖЕ ДА ПОЧНЕ ДА СЕ ОСТВАРУВА, им порача Александра на нашите ученици

Во духот на новиот предизвик, нашиот нов профил – техничар за дигитален маркетинг и е трговија, Војдан Карапетковски, извршен директот на КАРА5 – Агенција за дигитал маркетинг и Менаџер на годината до 40 години, ги сподели своите искуства и предизвици на патот кон успехот и им порача на учениците дека се е можно доколку се сака. Тој е првиот приватен донатор кој во време на пандемија донираше таблети за социално загрозените ученици и вети дека на ученик на генерација 2022/2026 традицијата ќе ја продолжи со подарок компјутер за најдобриот.

СЕКОЈ СОН Е ВОЗМОЖЕН, ДОКОЛКУ ВЕРУВАМЕ ВО СЕБЕ, РАБОТИМЕ ПОСВЕТЕНО И УЧЕСТВУВАМЕ ВО СИТЕ НАСТАВНИ И ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ е заедничка порака од нашите гости, поранешни ученици на СЕПУГС “Васил Антевски – Дрен”.