Средно економско правно училиште на град Скопје „Васил Антевски-Дрен“ постои уште од 1923 година кога е формирано како двегодишно трговско училиште.
Две години подоцна прераснува во Трговска академија во која школувањето се одвивало низ четири години. За време на окупацијата училиштето било претворено во Трговска гимназија во која школувањето траело пет години.
По ослободувањето, во духот на општествените промени, училиштето било преименувано во Економски техникум, а подоцна станува Средно економско училиште „Борис Кидрич“.
Во 1963 година донесена е одлука на училиштето да му се додели и Средното управно училиште, па од учебната 1964/65 во склоп на Средното економско училиште „Борис Кидрич“ постојат и паралелки од правната струка.
Од 1993 година го носи името на народниот херој Васил Антевски – Дрен и сместено е во модерна, мошне убава училишна зграда која го замени стариот објект во кој училиштето работеше по земјотресот во 1963 год.
Дигитализација на архивирани документи
- Протоколи 1941
- Протоколи септември 1941
- Протоколи јуни 1942
- Протоколи август 1942
- Протоколи март 1944
- Список 1944 поединечно
- Свидетелства
- ФОТОГРАФИИ
- Извод
- Монографија - 50 години постоење (1913-1963)
- Монографија - 100 години постоење (1913-2013)
- Монографија - 100 години постоење (1913-2013) - верзија 2