Педагошко-психолошка служба со својата дејност реализира менторирање на работата на наставниците, соработка и советување на ученици и родители, организирање и реализирање ученички проекти и слично. Со својата аналитичко-истражувачка работа придонесува за унапредување на воспитно-образовниот процес,подобрување на условите за работа во училиштето и одржување на позитивната уцилишна клима во училиштето.

Oваа служба ја сочинуваат психологот Ива Стојановска Јакимовски, педагогот Александра Дојчиновска и дефекторлогот Снежана Шеќероска Павлова.

Контактирајте ја Педагошко-психлошката служба