Работата на директорот

Како во светот, така и кај нас, во последната деценија на минатиот век и почетокот на овој, крупните општествено – економски промени наметнаа мноштво иновации, нови погледи, нови однесувања и секако многу дилеми и предизвици. Се јавува потреба од стекнување на нови знаења и вештини, а тоа пак од своја страна наметнува потреба за користење на современа образовна технологија, за воспоставување на квалитативно нови односи помеѓу учениците во воспитно – образовниот процес и нова поставеност на училиштето.

Мојата цел е училиштето да се вклопи во современите светски трендови. Свесен сум дека образованието е едно од најперспективните подрачја во животот и затоа треба да создадеме услови на нашите ученици да се образуваат по најсовремените светски програми и методи. Брзиот развој на светот во целина, јасно кажува дека треба да имаме училиште кое новозапишаните ученици  ќе  ги  подготвува за  светот “утре”,  а  не  за  светот “денес”. Како човек кој се труди да ги следи промените во светот на науката, свесен сум и за цивилизациските проблеми, но за тоа дека нив треба да ги реши ученикот кој сега седи во училишната клупа. Затоа, како директор би сакал во нашето училиште да создавам услови и негувам клима во која ученикот ќе се стекнува со квалитетни знаења, ќе учи како да ги применува стекнатите знаења, но пред се ќе научи како да „учи“.

Како  еден  од  предусловите за  успех  е  да  допринесам  во  создадње услови вработените во училиштето да си ја сакаат работата, да се чуствуваат горди и да уживаат работејќи, бидејќи голем дел од дејноста е поврзана со личните способности, креативноста и мотивираноста на наставниот кадар.