Оваа учебна година се планира учениците од економскиот и правниот смер, од прва и втора година, од нашето училиште, да изведуваат феријална пракса и учење преку работа, која ќе се реализира според упатствата од ЦССО, во период:
- I и II година – во текот на јуни, јули и август, учениците ќе реализираат феријална пракса по упатството и програмата од ЦССО во институции и компании со кои училиштето има склучено Меморандум за соработка.
- III година – во текот на целата наставна година, 4 часа неделно (еден ден) учениците ќе извршуваат практикантска обука – учење преку работа, во институции и компании со кои училиштето има склучено Меморандум за соработка.
- За учениците од IV година, континуирано во текот на целата учебна година ќе се реализираат посети на соодветни институции со кои нашето училиште има склучено Меморандуми за соработка ( Основен Суд Скопје, Правен факултет, КПД Идризово, Собрание на РСМ, Комерцијлана Банка, Рептил маркети и др. ). Сите ученици се стекнуваат со знаење од областа која ја изучуваат преку непосреден контакт со работата на вработените во тие институции.