Иднината почнува дома

На 29.02.2024 се одржа завршниот настан на проектот ,,Иднината почнува дома” . На овој настан поддржан од претседателот Стево Пендаровски, ТИРЗ и Стопанска комора, 32-ца млади луѓе добија признание за нивната посветеност и работа и беа прогласени за амбасадори симболизирајќи 32 години независност.
Меѓу нив , признание за млад амбасадор со кој ќе се работи во иднина е нашата ученичка од IV-3 Николија Златевска.

Меѓународен симпозиум „Медиумската писменост во доба на вештачката интелигенција: Проширување на границите на возможното“

На 29 февруари Институтот за комуникациски студии одржа меѓународен симпозиум „Медиумската писменост во доба на вештачката интелигенција: Проширување на границите на возможното“ кој се организираше во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“. На настанот присуствуваа група ученици од нашето училиште СЕПУГС ” Васил Антевски- Дрен” Скопје со нивните ментори м-р Драгана Ѓореска и м- р Радојка Хeлман Денковска.