Потпишан меморандум за соработка со Управата за јавни приходи

Потпишан Меморандум за соработка со Управата за јавни приходи, со кој се отвораат нови можности за практично учење, фискална едукација и професионален развој на нашите ученици.

Во рамки на соработката, 20 полнолетни ученици ќе имаат можност да реализираат практична настава, учење преку работа и феријална практика во работните простории на УЈП. На овој начин, учениците ќе имаат можност да се запознаат со реална работна средина и стекнатите теоретски знаења да ги поврзат со практичната работа.

Посебен акцент е ставен и на фискалната едукација на младите. Преку едукативни посети, предавања, презентации и работилници, учениците ќе се запознаваат со значењето на даноците, јавните приходи и даночната одговорност, како и со улогата на УЈП во функционирањето на јавниот финансиски систем.

Известување за назначени контакт лица за пријавување насилство

СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје ги известува учениците, родителите/старателите, наставниците и останатите вработени дека, согласно актите и процедурите за постапување во случаи на насилство и други ситуации со кои може да биде загрозена безбедноста и добросостојбата на учениците, во училиштето се назначени следните контакт лица:
Главно контакт лице:
Ива Стојановска Јакимовски – училишен психолог
Е-пошта: ivastojanovska@live.com
Заменик контакт лице:
Кристијан Стојановски – наставник по музичко образование
Е-пошта: kristijanstojanovski88@yahoo.com
Заменик контакт лице
Мила Милева – наставник по психологија
Е-пошта: milaslavkovikj@gmail.com
Контакт лицата се задолжени за прием и евидентирање на пријавите, водење и следење на случаите, иницирање соодветни мерки и активности и изготвување извештаи, согласно утврдените процедури на училиштето.
Учениците, родителите/старателите и вработените можат да се обратат до назначените контакт лица доколку се соочуваат со или имаат сознание за физичко, психичко, вербално, социјално, дигитално или друг облик на насилство и однесување со кое се загрозуваат безбедноста, достоинството и добросостојбата на ученикот.
Секоја пријава ќе биде разгледана одговорно, навремено и со почитување на приватноста и најдобриот интерес на ученикот, согласно надлежностите на училиштето и важечките процедури.
Ги охрабруваме сите членови на училишната заедница да не го премолчуваат насилството и навремено да побараат помош и поддршка.
Заеднички придонесуваме за безбедно училиште во кое секој ученик се чувствува почитувано, заштитено и поддржано.
СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје

15 Септември – Ден на пензиска свесност

15 Септември – Ден на пензиска свесност
Денес во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје го одбележавме Денот на пензиска свесност, со порака дека за иднината треба да размислуваме уште од првата плата, а не на 60 години.
Преку едукација, финансиска писменост и навремено информирање, ги подготвуваме младите за одговорно планирање на својата иднина.
Во рамки на настанот, МАПАС и СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ потпишаа Меморандум за соработка, со кој заеднички ќе придонесуваме кон поголема пензиска и финансиска свесност кај младите.
Знаењето денес е сигурност за утре.