Потпишан Меморандум за соработка со Управата за јавни приходи, со кој се отвораат нови можности за практично учење, фискална едукација и професионален развој на нашите ученици.
Во рамки на соработката, 20 полнолетни ученици ќе имаат можност да реализираат практична настава, учење преку работа и феријална практика во работните простории на УЈП. На овој начин, учениците ќе имаат можност да се запознаат со реална работна средина и стекнатите теоретски знаења да ги поврзат со практичната работа.
Посебен акцент е ставен и на фискалната едукација на младите. Преку едукативни посети, предавања, презентации и работилници, учениците ќе се запознаваат со значењето на даноците, јавните приходи и даночната одговорност, како и со улогата на УЈП во функционирањето на јавниот финансиски систем.


