Продолжуваме да создаваме подобри услови за образование и развој на младите, благодарност до УНИБанка за донацијата која претставува поддршка за унапредување на наставниот процес и создавање современа средина во која учениците ќе можат полесно да ги развиваат своите знаења, вештини и креативен потенцијал. Во време кога дигиталните алатки се сè позначаен дел од образованието, нивната примена отвора можности за поинтерактивен, визуелен и динамичен пристап кон учењето.
Соработката меѓу УНИБанка и СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ ќе продолжи и преку активности што ќе им овозможат на учениците стекнатото знаење да го поврзат со практични искуства. Дел од учениците ќе имаат можност да реализираат практична настава во Банката, каде одблиску ќе се запознаат со работните процеси и функционирањето на банкарскиот сектор, а за дел ќе се одржат и работилници за финансиска едукација и маркетинг, на кои учениците ќе работат на конкретни задачи поврзани со UniQ – пакетот за млади на УНИБанка.

