Skip to content

Прашање во 2021 година – 1

Барање

  1.  Колку  вкупно ученици во Вашето училиште ја следат наставата од далечина во учебната година 2020/2021?
  2. Дали се јавуваат проблеми при следење на наставата на далечина од аспект на системски проблеми со платформата, проблеми со интернет конекцијата или други причини кои можат да доведат до проблеми во следење на наставата?

 

Одговор

Средното економско-правно училиште на Град Скопје “Васил Антевски-Дрен”- Скопје,  врз основа на Вашето барање за пристап до информации од јавен карактер, а во врска со вкупниот број на ученици од училиштето кои ја следеле наставата на далечина во учебната 2020/2021 година и дали се јавиле проблеми при следење на наставата на далечина од аспект на системски проблеми со платформата , проблеми со интернет конекцијата или други причини кои можат да доведат до проблеми во следењето на наставата, Ви ги доставуваме следните информации:

 

1.Во СЕПУГС Васил Антевски – Дрен, настава на далечина беше спроведена со сите ученици од прва до четврта година, вкупно 1569 ученици ја следеа наставата онлајн.

2.Во текот на учебната година 2020/2021, се јавија проблеми при следењето на наставата на далечина, но истите успешно беа надминати, во соработка со училиштето, учениците и другите соодветни институции.

Проблеми кои најчесто се јавуваа беше слабата интернет конекција во некои делови од градот каде што живеат учениците, недостаток на уред преку кои ученикот ќе ја следи наставата и губење на мотивација кај учениците.

Училиштето имаше три хуманитарни акции преку кои беа обезбедени комјутери и таблети за оние ученици кои не беа во можност самите да набават, дел од таблетите кои ги имаме во училиште беа дадени на реверс и се одржуваа континуирани советувања со родителите и учениците за да се подигне мотивацијата и учениците успешно да ја завршат годината.