Едукативна активност „Имам став!“

И З В Е Ш Т А Ј
– за одржана симулација –

 

Едукативната активност „Имам став!“ организирана од Парламентарниот институт при Собранието на Република Северна Македонија, претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието. Како што и самото име наговестува, активноста ги стимулира учесниците да развиваат сопствени ставови во врска со актуелни политички теми, кои ќе ги бранат со аргументи пред останатите учесници, со цел изнаоѓање на решение кое ќе биде прифатено и поддржано од мнозинството на учесници. Учесници на симулацијата се ученици од средно образование. Целта на одржување на оваа едукативна активност е приближување на работата на Собранието на Република Северна Македонија и процесот на донесување на закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост. Истата е подготвена по примерот на едукативната активност „My Point of View“, организирана од страна на Сојузниот парламент на Швајцарската Конфедерација.

Одржување на симулацијата: На симулацијата одржана на 24.11.2020 во просториите на Собранието на Република Северна Македонија, учествуваа повеќе средни училишта од различни градови на тероторијата на Република Северна Македонија. Нашето училиште влезе во финале и освои второ место на 03.12.2020 год.

На симулацијата одржана 29.11.2021 год. во просториите на Собранието на Република Северна Македонија на која учествуваа повеќе средни училишта од различни градови на територијата на Република Северна Македонија , нашето училиште влезе во финале и освои прво место и како награда ни беше доделен пехар. Во мај месец 2022 год нашето училиште влезе во финале и освои прво место и како награда ни беше доделен пехар. Нашето училиште двапати последователно во иста учебна година освојува прво место.

На симулацијата одржана 10.11.2022 во просториите на Собранието на Република Северна Македонија, нашето училиште освои победа, која победа овозможи пласман во финалето каде нашето училиште го освои третото место.

Учесници: Триесет ученици од економски и правен смер, од сите четири години.

Одговорни професори: Снежана Бриндевска, Радмила Куцуловска и Лилјана Поповска