Потпишан договор за донација и меморандум за соработка со УНИБанка

Продолжуваме да создаваме подобри услови за образование и развој на младите, благодарност до УНИБанка за донацијата која претставува поддршка за унапредување на наставниот процес и создавање современа средина во која учениците ќе можат полесно да ги развиваат своите знаења, вештини и креативен потенцијал. Во време кога дигиталните алатки се сè позначаен дел од образованието, нивната примена отвора можности за поинтерактивен, визуелен и динамичен пристап кон учењето.

Соработката меѓу УНИБанка и СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ ќе продолжи и преку активности што ќе им овозможат на учениците стекнатото знаење да го поврзат со практични искуства. Дел од учениците ќе имаат можност да реализираат практична настава во Банката, каде одблиску ќе се запознаат со работните процеси и функционирањето на банкарскиот сектор, а за дел ќе се одржат и работилници за финансиска едукација и маркетинг, на кои учениците ќе работат на конкретни задачи поврзани со UniQ – пакетот за млади на УНИБанка.

Потпишан меморандум за соработка со Управата за јавни приходи

Потпишан Меморандум за соработка со Управата за јавни приходи, со кој се отвораат нови можности за практично учење, фискална едукација и професионален развој на нашите ученици.

Во рамки на соработката, 20 полнолетни ученици ќе имаат можност да реализираат практична настава, учење преку работа и феријална практика во работните простории на УЈП. На овој начин, учениците ќе имаат можност да се запознаат со реална работна средина и стекнатите теоретски знаења да ги поврзат со практичната работа.

Посебен акцент е ставен и на фискалната едукација на младите. Преку едукативни посети, предавања, презентации и работилници, учениците ќе се запознаваат со значењето на даноците, јавните приходи и даночната одговорност, како и со улогата на УЈП во функционирањето на јавниот финансиски систем.

Известување за назначени контакт лица за пријавување насилство

СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје ги известува учениците, родителите/старателите, наставниците и останатите вработени дека, согласно актите и процедурите за постапување во случаи на насилство и други ситуации со кои може да биде загрозена безбедноста и добросостојбата на учениците, во училиштето се назначени следните контакт лица:
Главно контакт лице:
Ива Стојановска Јакимовски – училишен психолог
Е-пошта: ivastojanovska@live.com
Заменик контакт лице:
Кристијан Стојановски – наставник по музичко образование
Е-пошта: kristijanstojanovski88@yahoo.com
Заменик контакт лице
Мила Милева – наставник по психологија
Е-пошта: milaslavkovikj@gmail.com
Контакт лицата се задолжени за прием и евидентирање на пријавите, водење и следење на случаите, иницирање соодветни мерки и активности и изготвување извештаи, согласно утврдените процедури на училиштето.
Учениците, родителите/старателите и вработените можат да се обратат до назначените контакт лица доколку се соочуваат со или имаат сознание за физичко, психичко, вербално, социјално, дигитално или друг облик на насилство и однесување со кое се загрозуваат безбедноста, достоинството и добросостојбата на ученикот.
Секоја пријава ќе биде разгледана одговорно, навремено и со почитување на приватноста и најдобриот интерес на ученикот, согласно надлежностите на училиштето и важечките процедури.
Ги охрабруваме сите членови на училишната заедница да не го премолчуваат насилството и навремено да побараат помош и поддршка.
Заеднички придонесуваме за безбедно училиште во кое секој ученик се чувствува почитувано, заштитено и поддржано.
СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје

15 Септември – Ден на пензиска свесност

15 Септември – Ден на пензиска свесност
Денес во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје го одбележавме Денот на пензиска свесност, со порака дека за иднината треба да размислуваме уште од првата плата, а не на 60 години.
Преку едукација, финансиска писменост и навремено информирање, ги подготвуваме младите за одговорно планирање на својата иднина.
Во рамки на настанот, МАПАС и СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ потпишаа Меморандум за соработка, со кој заеднички ќе придонесуваме кон поголема пензиска и финансиска свесност кај младите.
Знаењето денес е сигурност за утре.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

Почитувани ученици,

Ве известуваме дека новата учебна година започнува на 1 септември, според следниот распоред:

I година – почеток во 08:30 часот
II година – почеток во 07:30 часот
III и IV година – почеток во 10:00 часот

На сите ученици им посакуваме успешен почеток, многу успех, знаење и убави моменти во новата учебна година!

Среќен почеток!

Резултати од конкурсот за упис на ученици во прва година во учебната 2026/2027 година – Второ пријавување

Резултати од конкурсот за упис на ученици во прва година во учебната 2026/2027 година – Второ пријавување:

Ранг листа Техничар за е трговија и дигитален маркетинг – Второ пријавување

Ранг листа Правен техничар – Второ пријавување

Ранг листа Правен техничар франкофонска двојазична – Второ пријавување

Интерен конкурс за запишување на редовни ученици во I (прва) година за учебната 2026/2027 година – Второ пријавување

Интерен конкурс за запишување на редовни ученици во I (прва) година за учебната 2026/2027 година – Второ пријавување

 

Интерен оглас за упис во прва година во учебната 2026 2027 – второ пријавување

Резултати од конкурсот за упис на ученици во прва година во учебната 2026/2027 година – Прво пријавување

Резултати од конкурсот за упис на ученици во прва година во учебната 2026/2027 година – Прво пријавување:

Економски техничар

Техничар за Е-трговија и дигитален маркетинг

Правен техничар – франкофонска двојазична

Правен техничар

ЈАВЕН ПОВИК за учество на училиштен конкурс за креативно дело на тема „Лајк-от – реална или новокомпонирана вредност?“

Насоки за пишување есеј на тема

Почитувани ученици,
Ве покануваме да учествувате на училиштен конкурс за креативно дело на тема
„Лајк-от – реална или новокомпонирана вредност?“
Целта на конкурсот е да се поттикнат креативноста, критичкото размислување и визуелното
изразување, како и да се отвори дискусија за влијанието на социјалните мрежи врз современите
вредности и однесувања.
Категории за учество:
Учениците можат да учествуваат во една од следните категории:
1. Есеј
• Должина: 400 – 800 зборови
• Јазик: македонски
• Формат:
o Фонт: Times New Roman
o Големина: 12
o Проред: 1.5
• Треба да содржи личен став и аргументи за улогата на „лајк“-от во современото општество и не
смее да биде плагијат. Може да се користи АИ, но есејот не смее да е целосно копиран од АИ.
2. Цртеж (рачно изработен)
• Техника: слободен избор
(молив, боички, фломастери, акварел, темпера и сл.)
• Формат: A4 или A3
• Делото треба визуелно да ја прикаже темата и пораката поврзана со вредностите и социјалните
мрежи.
3. Дигитален постер
• Изработен со дигитални алатки
(PowerPoint, Canva, Photoshop или слично)
• Формат: A4 или A3 (дигитален формат)
• Треба да содржи:
o визуелен приказ
o кратка порака или слоган
o јасна идеја поврзана со темата
Право на учество:
Право на учество имаат сите ученици од I до IV година.
Секој ученик може да учествува со едно дело по категорија.
Рок за доставување:
Краен рок за доставување на делата:
27.04.2026
Начин на доставување:
Есеј:
• електронски на: lidijakoseva5@gmail.com
Цртеж:
• се доставува во печатена форма во стручната служба на училиштето (психолог, педагог,
дефектолог)
• на задната страна да бидат наведени:
o име и презиме
o клас и паралелка
Дигитален постер:
• електронски на: ivastojanovska@live.com
• во формат: JPG или PDF
Награди:
Категорија: Есеј
Најдобар есеј
Второ место
Трето место
Категорија: Цртеж
Најдобар цртеж
Второ место
Трето место
Категорија: Дигитален постер
Најдобар дигитален постер
Второ место
Трето место
Најдобрите дела ќе бидат:
• јавно изложени во училиштето
• претставени на училиштен настан
• објавени на училишните медиуми (веб-страница или социјални мрежи)
• за прво освените места, ќе следи и симболична награда од училиштето, која ќе биде
дополнително објавена
Критериуми за оценување
За есеј
• Разбирање на темата — 0–10 поени
• Аргументација и критичко размислување — 0–15 поени
• Креативност и оригиналност — 0–10 поени
• Структура на есеј — 0–10 поени
• Јазична точност — 0–10 поени
Вкупно: 55 поени
За цртеж
• Поврзаност со темата — 0–10 поени
• Креативност и оригиналност — 0–10 поени
• Техничка изведба — 0–10 поени
• Визуелна порака — 0–10 поени
Вкупно: 40 поени
За дигитален постер
• Јасност на пораката — 0–10 поени
• Креативност и визуелен дизајн — 0–10 поени
• Поврзаност со темата — 0–10 поени
• Техничка изработка — 0–10 поени
Вкупно: 40 поени
Делата ќе ги оценува комисија составена од наставници по:
• македонски јазик и литература
• ликовна уметност
• информатика