Известување за назначени контакт лица за пријавување насилство

СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје ги известува учениците, родителите/старателите, наставниците и останатите вработени дека, согласно актите и процедурите за постапување во случаи на насилство и други ситуации со кои може да биде загрозена безбедноста и добросостојбата на учениците, во училиштето се назначени следните контакт лица:
Главно контакт лице:
Ива Стојановска Јакимовски – училишен психолог
Е-пошта: ivastojanovska@live.com
Заменик контакт лице:
Кристијан Стојановски – наставник по музичко образование
Е-пошта: kristijanstojanovski88@yahoo.com
Заменик контакт лице
Мила Милева – наставник по психологија
Е-пошта: milaslavkovikj@gmail.com
Контакт лицата се задолжени за прием и евидентирање на пријавите, водење и следење на случаите, иницирање соодветни мерки и активности и изготвување извештаи, согласно утврдените процедури на училиштето.
Учениците, родителите/старателите и вработените можат да се обратат до назначените контакт лица доколку се соочуваат со или имаат сознание за физичко, психичко, вербално, социјално, дигитално или друг облик на насилство и однесување со кое се загрозуваат безбедноста, достоинството и добросостојбата на ученикот.
Секоја пријава ќе биде разгледана одговорно, навремено и со почитување на приватноста и најдобриот интерес на ученикот, согласно надлежностите на училиштето и важечките процедури.
Ги охрабруваме сите членови на училишната заедница да не го премолчуваат насилството и навремено да побараат помош и поддршка.
Заеднички придонесуваме за безбедно училиште во кое секој ученик се чувствува почитувано, заштитено и поддржано.
СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

Почитувани ученици,

Ве известуваме дека новата учебна година започнува на 1 септември, според следниот распоред:

I година – почеток во 08:30 часот
II година – почеток во 07:30 часот
III и IV година – почеток во 10:00 часот

На сите ученици им посакуваме успешен почеток, многу успех, знаење и убави моменти во новата учебна година!

Среќен почеток!

СООПШТЕНИЕ: За почеток на учебната 2025/2026 година

РАСПОРЕД ЗА ПРИЕМ НА УЧЕНИЦИТЕ на 01.09.2025 година

  • ПРВА ГОДИНА……………..800 часот
  • ВТОРА ГОДИНА…………..930 часот
  • ТРЕТА ГОДИНА……………1030 часот
  • ЧЕТВРТА ГОДИНА……….1130 часот

 

Број на училница по катови:

  • ПРИЗЕМЈЕ:    од  1    до   10
  • ПРВ КАТ:       од  21  до   38
  • ВТОР КАТ:     од  43  до   57

 СРЕЌНА И УСПЕШНА учебна 2025/2026 година!

 

Документи

Дигитализацијата, франкофонската двојазична паралека и новите наставни програми во наставниот курикулимот во новата учебна 2024/2025 година

Дигитализацијата, франкофонската двојазична паралека и новите наставни програми во наставниот курикулимот во новата учебна 2024/2025 година се само дел од предизвиците на современиот ВОП и се дел од нашата визија.
Првиот училишен ден започна успешно со поздравно обраќање од страна на директорот на училиштето и мотивацискиот говор на нашиот поранешен ученик д-р Илија Псалтиров дипломат од кариера кој патот на својот успех го започна во нашето училиште.
Горди сме на своите поранешни, сегашни и идни генерации.
Илија Псалтиров ја испрати пораката “учениците треба да го следат својот сон”, да градат пријателство меѓу себе , да развиваат емпатичност и стекнат компетенции потребни за современиот живот преку своето формално образование кое треба да го надополнуваат со неформалното образование градејќи се себеси како личности кои треба да бидат лидери и да носат промени во општеството.
Остануваме сите заедно како наставници и училиште, да ги поттикнеме младите личности да бидат креативни, истрајни и посветени на својот животен пат.
Среќен почеток и многу успеси и на новата генерација 2024/2028 год.

СООПШТЕНИЕ: Прв училишен ден од учебната 2024/2025 год.

02.09.2024 – ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН ОД УЧЕБНАТА 2024/2025 год. ќе се одвива со прием на учениците по следниот редослед:

  • ПРВА ГОДИНА во 8 часот
  • ВТОРА ГОДИНА во 9 часот
  • ТРЕТА ГОДИНА во 10 часот
  • ЧЕТВРТА ГОДИНА во 11 часот

СРЕЌНА и УСПЕШНА 2024/2025 ГОДИНА!

 

Документи