Нов образовен профил во Дрен: Техничар за е-трговија и дигитален маркетинг

СЕПУГС ” Васил Антевски – Дрен ” Скопје продолжува со воспитно образовниот процес во реализација на новата образовна програма – техничар за е -трговија и дигитален маркетинг  со четиригодишно траење, која е дел од современиот  концепт во глобалниот деловен свет. Предизвиците и потребите на пазарот на труд во доменот на дигитализацијата се пред сите нас и нашите ученици кои ќе бидат дел од овој профил ќе се стекнат со сите потребни стручни знаења, вештини и компетенции за да бидат активни чинители во новото време.
Со задоволство Ви го препрачуваме да ја погледнете дигиталната анимација  на нашите ученици од втора година упатена на деветтодделенците кои ќе бидат дел од нашето училиште  – ПОГЛЕД НА УЧЕНИЦИТЕ  ЗА ИДНИТЕ СОУЧЕНИЦИ.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ.

Струка/Сектор: Економско – правна и трговска/Економија, право и трговија
Образовен профил/Квалификација: Техничар за е-трговија и дигитален маркетинг
Времетраење на образованието: четири години

Превземете го наставниот план

Одлука за прогласување на првенец на генерација за 2018-2022 година

За првенец на генерација 2018-2022 година се прогласува АНА ТРПЕСКА ученик од IV-13 паралелка. Одлуката стапува на сила од денот на донесување

Документи во прилог:

РАСПОРЕД на АКТИВНОСТИ за ПРОФЕСОРИТЕ и УЧЕНИЦИТЕ од ЧЕТВРТА ГОДИНА

19. Мај (четврток) – Последен наставен ден;

20. Мај (петок):

    1. 1030 ч. – каб.17 – КЛАСНИ СОВЕТИ со ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО на СИТЕ ПРОФЕСОРИ ШТО ПРЕДАВААТ во IV година
    2. 1230 ч. – НАСТАВНИЧКИ СОВЕТ – физичко присуство и Teams
    3. 1800ч. – СООПШТУВАЊЕ на УСПЕХОТ на учениците и родителите – Teams

23. и 25. Мај (понеделник и среда) – ПРИЈАВУВАЊЕ на ПОПРАВНИ ИСПИТИ и ИСПИТ НА ГОДИНАТА и ПОДНЕСУВАЊЕ на ПРИГОВОРИ (ако има);

23. – 27. Мај (понеделник-петок) – КОНСУЛТАТИВНА и ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА за УЧЕНИЦИТЕ УПАТЕНИ НА ПОПРАВЕН ИСПИТ или ИСПИТ НА ГОДИНАТА;

30. и 31. Мај (понеделник и вторник) – ПОЛАГАЊЕ на ИСПИТИ;

1. Јуни (среда) – 1230 ч. – НАСТАВНИЧКИ СОВЕТ по одржаната испитна сесија;

4. Јуни (сабота) – 10 часот – ПОЛАГАЊЕ на екстерен ипит по МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК од ДРЖАВНАТА МАТУРА;

13. Јуни – 10 часот – ПОЛАГАЊЕ на екстерен ипит по АНГЛИСКИ (СТРАНСКИ) ЈАЗИК / МАТЕМАТИКА од ДРЖАВНАТА МАТУРА;

14. Јуни – 9 часот – ПОЛАГАЊЕ на ЗАВРШЕН ИСПИТ;

21. Јуни – 10 часот – ПОЛАГАЊЕ на ИНТЕРНИТЕ ИСПИТИ по ИСТОРИЈА и БИЗНИС од ДРЖАВНАТА МАТУРА;

23. Јуни – 10 часот – ПОЛАГАЊЕ на ИНТЕРНИТЕ ИСПИТИ по ЕКОНОМИЈА, СМЕТКОВОДСТВО, ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ, ОСНОВИ НА ПРАВО, ОСНОВИ НА ЈАВНО ПРАВО, ОСНОВИ НА ПРИВАТНО ПРАВО, КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ од   ДРЖАВНАТА МАТУРА;

 

Се молат учениците и професорите да се придржуваат кон дадените термини. Сите новонастанати промени и информации ќе бидат навремено објавени.