Проектот е започнат со реализација во 2020 година. Во истиот учествувааат Македонија, Италија, Турција, Шпанија и Латвија.

Секоја мобилност е со 5 ученика и 2 предружни лица кои на мобилностите работат на Обновливи извори на енергија -предности и недостатоци.

Проектот ќе заврши на 31.08.2023 година, продолжен е за една година поради пандемијата.

Главната цел на проектот е да постави основа за 5-те земји партнери да соработуваат и да споделуваат практики во областа на обновливите извори на енергија, да ги откријат енергетски ресурси и одржливото производство и потрошувачка преку активности наменети за нив.

Во текот на наредните 2 години учениците ќе развијат разбирање за научните концепти и процеси во производството на одржлива енергија, ќе ја развијат нивната севкупна свест за алтернативните извори на енергија и како може да се подобри нивното користење, ќе ги подобрат вештините и компетенциите преку интердисциплинарни пристапи во областа на STEM, ќе се подобри тимската работа и комуникациските вештини на учениците и наставниците, ќе се развиваат меки вештини – критичко и аналитичко размислување, креативност – со цел да се поттикне вработливоста на студентите, ќе се подобри самосвеста и интеркултурната свест на младите.

 

Координатор

Ива Стојановска Јакимовски