Проектот започнува со реализација во 2020 година. Во наведениот проект учевствуваат училишта од: Македонија, Турција, Романија, Полска и Италија. Главен координатор на проектот е училиштето од Р. Полска. Траењето на проектот е продолжено за месеци, поради случувањата со Ковид пандемијата, така што проектот ќе заврши на 04.04.2023 година. До сега се реализирани 2 мобилности од проектот, а преостануваат уште 3 мобилности кои треба да се реализираат во училиштата во Турција, Романија и Италија. Во проектот и мобилностите учениците и наставниците се запознаваат со следните теми и активности:
Полска – Пристап врз основа на заедницата (Учење за мултикултура)
Италија – Колаборативен пристап преку уметност
Македонија – „Превртена училница“(користејќи дигитални алатки и технологија)
Турција – Теорија на културни димензии од Герт Хофстеде
Романија – Креативна драма како алатка за интеграција и социјална инклузија
Во овој проект секое училиште ќе биде вклучено во размена на добри практики, за да се помогне на децата со траума предизвикана од имиграција и ученици со слични проблеми, да се обезбеди хармонија и културна интеграција, да се елиминираат јазичните бариери и да се адаптираат во новата средина. Партнерите ќе споделуваат информации за состојбата во нивните земји и на тој начин ќе се создадат вештини за интегрирање на имигрантите и останатите ученици со слични проблеми во општеството во кое ќе се најдат.
Во изработките и реализираните активности учевствува наставниот кадар за што по реализираните мобилности наставниците реализираат дисеминација на стекнатите знаења и вештини, со што ги запознаваат останатите наставници за нови и иновативни пристапи во образованието кои би можеле да се вклучат во секојдневната настава во училиштето.
Координатор
Кристијан Стојановски