Борба со лажните вести преку стекнување вештини за критичко размислување

Борба со лажните вести преку стекнување вештини за критичко размислување – тема на која работеа нашите претставници на мобилноста организирана во Дист, Белгија, во рамките на проектот “Демократко патување за идни моќни лидери”.
Преку интерактивни работилници, лични излагања и истражувања, претставниците од нашето училиште работеа на лажни вести кои во некој момент биле актуелни во нашите држави, размислуваа како тие влијаеле на популацијата и како би можело да бидат спречени.
Учениците смислија 7 препораки кои се базираат на критичко размилување, а се однесуваат на борба со лажните вести.
Активностите продолжуваат, а ние ви доловуваме дел од атмосверата.

Препораки

Галерија

СЕПУГС ,,Васил Антевски-Дрен” во Европски Парламент

Ученици и наставници од нашето училиште имаа незаборавно искуство при посетата на Европскиот Парламент во рамките на Еразмус+ проектот ,,Демократско патување за идни моќни лидери”.
Учесниците имаа можност одблиску да се запознаат со функционирањето на највисокото законодавно тело на Европската Унија
Во пленарната сала тие се информираа за законодавните процеси кои влијаат на сите земји членки на ЕУ, да поставуваат прашања и да добијат информации од стручните лица вработени во Европскиот парламент.
Една од поважните точки на дискусијата беше креирањето на политиките кои имаат влијание на сите земји, потоа човековите права, економските прашања, глобалните и европските проблеми.
И понатаму продолжуваме да ги поддржуваме младите во нивните лидерски способности, отварајќи им го патот за целосен развој на нивните потенцијали

ЕРАЗМУС денови – последен ден

Ги заокружуваме Еразмус деновите со настапи на најважните во образовниот процес-УЧЕНИЦИТЕ. Благодарност до сите присутни и сите оние кои ја поддржуваат програмата, во минатото и сега. Ви пренесуваме дел од денешниот настан, преку фотографии и видеа од креативните идеа на учениците и нивните ментори #ErasmusDays #ErasmusDays2024

ЕРАЗМУС Денови 2024

Во период од 14ти до 18ти Октомври, нашето училиште одбележува ЕРАЗМУС Денови 2024.
Ќе бидат објавени неколку сведоштва од учесници во досегашните мобилностите, а неделата ќе ја заокружиме со драмска претстава и други активности кои ги спремија нашите наставници и ученици.
СЕПУГС “Васил Антевски – Дрен” е корисник на ЕРАЗМУС+ програмата 8ма година по ред со бројни проекти кои го доближуваат нашиот образовен процес до европскиот и тоа преку размена на искуства, посета на партнер училишта и тренинг обуки овозможени од врвни провајдери, а се со цел подобро образование за нашите ученици.
 

ЕРАЗМУС проект во Барселона “Емоционалната интелигенција и нејзиното влијание во образовниот процес во функција на унапредување на компетенциите на наставниот кадар и менаџментот“

ЕРАЗМУС проект во Барселона “Емоционалната интелигенција и нејзиното влијание во образовниот процес во функција на унапредување на компетенциите на наставниот кадар и менаџментот“. Размена на искуства и добри образовни практики, вмрежување со учесници од различни земји. Обука која овозможи унапредување на методи, дидактики и мапирање на ефекти за повисоки цели во образовниот процес.