Заинтересираноста на учениците за слободните учнички активности произлегува оттаму што учениците од нашето училиште се присутни на сите општински и државни манифестации, натпревари и смотри. Секако дека ова претставува одлична можност учениците да се дружат спортувајќи, глумејќи, творејќи. Социјализацијата, другарувањето и меѓусебната соработка, доверба и толеранција се основа на ваквите активности која внесува позитивна енергија кај нашите ученици. Со анализата на делувањето на воспитно поле се укажува од потребата дека ваквите слободни ученички активности ќе бидат се повеќе застапени и присутни  во учелиштето.

Во рамките на слободните ученички активности со научно-истражувачки карактер ќе бидат присутни слободни ученички активности од предметите од општо образовната група предмети, но и од економска и правна струка.

При активот за спорт и спортски активности е планирана изведба на натпревари од општински, градски, регионален и државен карактер по следниве спортови: мал фудбал, ракомет, кошарка, одбојка, куглање, карате и шах (истите се реализираат во двете категории). Ментори на учениците кои ќе учествуваат во овие спортски активности се професорите по спорт и спортски активности.

Што се однесува до слободните ученички активности со културно-уметнички и спортски карактер ќе бидат формирани најразлични секции. Преку планираната работа на ваквите активности училиштето остварува и дел од програмата за соработка со локалната средина.

Учениците ќе можат сите свои активности да ги презентираат и пред соучениците, наставниците и родителите во училиштето и надвор од него по повод празнувањето на Новогодишните и Божиќните празници, Патрониот празник на училиштето, Денот на пролетта, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, за успешно завршување на наставната година, како и на манифестациите од локален карактер.