
Запиши се во средно образование ДЕНЕС!
Новата платформа за уписи во средни училишта овозможува брз и едноставен процес.
Креирај профил на платформата https://e-uslugi.mon.gov.mk со твојот е-маил од www.schools.mk и започнете со пополнување на апликацијата.
Не заборавај да ја испечатиш потврдата која по аплицирањето ќе треба да ја приложиш во одбраното училиште.
За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, Порталот ќе биде отворен од 10.06.2022 (10.00 часот). Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 15.06.2022 (најдоцна до 15.00 часот), после што системот ќе биде затворен за аплицирање.
*Овој производ е подготвен во рамки на проектот „Дигитални услуги во сектор образование – фаза 2“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразува секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.
No comment yet, add your voice below!