Во соработка со делегацијата на Академскиот реон Оверњна-Рона-Алпи во Франција, Aмбасадата на Република Франција и Францускиот институт во Скопје, како и Националната агенција за европски програми и мобилности на Република Северна Македонија , поддржано од градоначалникот на Град Скопје г-ѓа Данела Арсовска во период од 05.06 до 07.06.2023 год. беше четири француски средни училишта кои остварија соработка со училишта од нашата држава.

Нашето училиште Васил Антевски Дрен имаше чест и привилегија да биде дел од оваа соработка и да учествува на работните состаноци со своето партнер училиште Леонардо Де Винчи од Вилфонтен, Франција. Делегацијата имаше работни средби во нашето училиште со партнер училиштето како и со целокупната делегација во последниот билансен ден, се со цел да ги прецизираме точките на натамошна соработка.
Високата делегецаја оствари посета во Град Скопје на која директорот на училиштето Тања Јовановска ја промовирање иницијативата и значењето на посетата и соработката.

Потоа во Францускта резиденција на амбасадорот на Република Франција беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Амбасадорот на Република Франција неговата екселенција г-дин Сирил Бомгартнер и Министерот за образование и наука на РСМ г-дин Јетон Шаќири. На средбата се промовираше иницијативата за воспоставување партнерства за соработка и размена на наставен кадар, ученици и унапредување на педагошките практитки помеѓу македонските и француските средни училишта.

Нашето училиште продолжува посветено да работи на унапредување на францускиот јазик во насока на зголемување на компетенциите на учениците и наставниот кадар . Во развојната визија на нашето училиште оваа соарботка има висок приоритет кој ќе овозможи воведување на билингвална паралелка на францускиот јазик во иднина преку континуирана обука на наставниот кадар и поддршка од Град Скопје Францускиот институт, Амбасадата на Република Франција, МОН иност Националната агениција за европски програми и мобилност.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *