Посета на Централен Депозитар за Хартии од Вредност

На 15.02.2024 беше реализирана посета на Централен Депозитар за Хартии од Вредност под менторство на наставник м-р Сузана Станковска. Учениците се запознаа со Централниот Депозитар како институција која: • го регистрира издавањето и преносот на хартиите од вредност во форма на електронски запис • ги запишува сопствениците на хартии од вредност; • ги порамнува трговските трансакции • врши нетрговските преноси (спроведување на договори за подарок, наследство, други судски одлуки и слично); • ја следи на финансиската состојба на неговите членки со цел управување со ризикот поврзан со можно непорамнување на трговските трансакции

Предновогодишна хуманитарна забава во нашето училиште организирана од страна на Училишната заедница

Предновогодишна хуманитарна забава во нашето училиште организирана од страна на Училишната заедница, е поддржана од наставниот кадар и директорот на училиштето. Училишниот бенд на ДРЕН ги забавуваа учениците и гостите ученици од ООУ “ Драта Стојановска “- Сопиште. Ученичката заедница на штитениците на СОС Детски село истотака им донираа новогодишни пакетчиња.

Нашите ученици покажаа дека во овие денови на дарувања, заедно сите имаме исти желби за Новата 2024 год. Да си посакаме добро здравје, среќа и успеси на секое поле. СРЕЌНО!

Нашите ученици од прва година учествуваа на работилница организирана во просториите на машинскиот факултет

На 26.12.2023 (вторник) нашите ученици од прва година од образовниот профил техничар за е-трговија и дигитален маркетинг учествуваа на работилница организирана во просториите на машинскиот факултет.
Проф. доцент Џокиќ Јелена од Машински факултет презентираше како се работи на ХАБ машините, како се дизајнираат и изработуваат разни фигури, предмети, лампиони од метал и пластика.
Се запознавме со ,,Fused Filament Fabrication”, една од технологиите која што се занимава со 3Д печатење, CNC машина за ласерско сечење и гравирање на дрво, пластика, картон, текстил и стиропор, CNC рутер кој служи за обработка на најразлични парчиња односно производи како логоа, макети, печатени плочки и сл.
Учениците набљудуваа примероци од добро осмислени 3Д модели изработени во просториите на ФАБ ЛАБ Скопје и заклучија дека совршени резултати и производи се добиваат кога има правилно користење на печатач, правилен избор на соодветен материјал, осмислен дизајн и континуитет во процесот на печатење.
Нашите ученици имаа можност да ја покажат својата креативност и изработуваа разни предмети и украси.
Учењето не смее да застане, затоа продолжуваме заеднички да се надоградуваме и подобруваме.

Превентивната едукативна кампања “ПЕТАРДИ НЕ , БЕЗБЕДНОСТ ПРЕД СЕ”

Превентивната едукативна кампања “ПЕТАРДИ НЕ , БЕЗБЕДНОСТ ПРЕД СЕ” за справување со опасностите од петарди и пиротехнички средства и оваа година продолжива. Благодарност до Универзитетска клиника за Пластична и реконструктивна хирургија и директор доцент д-р Софија Пејковa како и одговорните на настанот – проф Д-р Елизабета Жоговска Мирчевска, Науч. Сор. Д-р Игор Пеев и Д-р Дарко Алексовски и претставниците од МВР пом.командир Благоја Стојановски и инспектор Теодора М.Јанушева.Одговорноста е дел од младоста и личноста.

Нашата ученичка Николија Златевска е номинирана во категоријата “Млади двигатели”

ИДНИНАТА ЗАПОЧНУВА ДОМА! Исклучителна чест и гордост за сите наши сегашни, поранешни и секако идни ученици. Успехот почнува тука во училиштето.
Вчера во Јавна соба – центар за дизајн и иновации во рамките на проектот ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА, во организација на Дирекцијата за ТИРЗ и директорот Јован Деспотовски, Стопанската Комора на РСМ, а поддржана од претседателот на РСМ Стево Пендаровски нашата ученичка Николија Златевска е номинирана во категоријата “Млади двигатели”. Како резултат на реализација на предметот учење преку работа, докажуваме дека теоретските знаења стекнати во училиштето, искуствата од реалниот свет и изложувањето на нашата динамична индустрија, потребите на пазарот на трудот и бизнис секторот се предуслов младите да бидат двигатели на промените. Задоволството за нас како училиште е уште поголемо кога на истиот настан ќе биде номиниран и
поранешен ученик Бранко Рафајловски, во организацијата претставник на Стопанската Комора Даниела Михајловска Василевска, како и водителот и бизнисмен Жарко Димитриоски. Сите заедно имаме иста цел – Иднината започнува дома, заедно можеме многу повеќе, вложуваме во човечкиот потенцијал и подобра иднина за сите нас.

Ученици од прва и втора година од нашето училиште беа дел од работилницата “Пристап до информации справување со лажни информации“

Создаваме иднина заедно! Ученици од прва и втора година од нашето училиште беа дел од работилницата “Пристап до информации справување со лажни информации“ во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP ) Funding Windows. Современиот свет исполнет со опасности од лажни вести ги поттикна нашите ученици на креативен и интерактивен начин да дадат свои предлози, сугестии, мислења и поглед на светот во кој сакаат да живеат.Настанот се одржа на ден 18.12.2023. во хотел Александар Палас. Ментори наставници беа Ќосева Лидија и Радојка Хелман Денковска

Работилница на тема “ Приватноста на интернет како човеково право“

Едукацијата на учениците на секое поле е во фокусот на училиштето. Домаќини на работилница на тема “ Приватноста на интернет како човеково право“ под менторство на наставникот Маргарита Поповска Костадиновска а во организација на НВО Common Vallues и Млади Правници, поддржано од неговата екселенција амбасадорот на Кралство Шпанија при РСМ Хозе Луис Лосано Гарсија Отворивме теми за унапредување на соработката меѓу училиштето и училишта од Шранија со кои имаме заеднички мобилности ЕРАЗМУС но и други форми на соработка.

Нашето училиште ја доби престижната ЦВЕТИНОВА НАГРАДА ЗА МИР

Традицијата на соработка на нашето училиштето започната од наставникот Соња Панева уште далечната 2017 год. во Турција со истакнатиот ликовен творец и љубител на цвеќето и детето Живко Поповски – Цветин продолжува и денес. Денес во просториите на библиотеката Другарче, нашето училиште ја доби престижната ЦВЕТИНОВА НАГРАДА ЗА МИР. Во негова чест учениците од нашето училиште подготвија есеј на тема – Детето, неговите права….мирот, кој го прочита претседателот на училишната заедница Јована Петровска, а ученикот, Дамјан Брковски од 3/1 клас му ја подари својата ликовна творба посветена на мирот и љубовта.
Општина Кисела Вода како поддржувач на оваа активност беше наградена како и неколку општински основни училишта и детска градинка.
Продолжуваме континуирано да ја поттикнуваме креативноста на учениците во насока на унапредување на детските права, мирот и љубовта во светот.