“Од бизнис идеја до реализација“ – УЧЕНИЧКА КОМПАНИЈА

“Од бизнис идеја до реализација “ -УЧЕНИЧКА КОМПАНИЈА .
Во организација на Junior Achievment Macedonia во нашето училиште на 19.9 и 20.9.2024 год.се одржува дводневна обука за наставници од среднто образование со цел унапредување на вештините на наставниците во насока на имплементација на програмата ученичката компанија – најдобра претприемничка практика. Иновативноста и претприемничкиот дух на учениците кои се дел од ученичката компанија охрабрени и поттикнати од своите наставници се иднината на малиот бизнис .
Благодарност до обучувачите кои своето долгогодишно искуство го пренесуваат во насока на успешна имплементација на мотото РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИЧКИ ДУХ И ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ.

Градот Скопје организира свечен настан по повод Светскиот ден на среќата

Денес, по повод Светскиот ден на среќата, Градот Скопје организира свечен настан, кој се оддржа на Плоштадот Македонија, нашите ученици како дел од настанот креативни и среќни под менторство на наставниците Душица Кранго и Ирена Трпинова беа дел од него.

Среќата и сонцето денес на плоштадот на нашиот град Скопје станаа живописна слика на прославата, каде смеата силно одекнува и насмевките го красат секое детско лице. Преку лесни игри, давање подароци, писма со пораки и инспиративни разговори, пријателствата се продлабочуваа и се формираа нови врски. Заедно тие создадоа сеќавања кои ќе се задржат долго откако ќе помине денот.
 
Светскиот ден на среќата, на кој присуствуваа нашите ученици, е повеќе од прослава. Тоа е потсетник на моќта на позитивноста да ги трансформира животите.

Иднината почнува дома

На 29.02.2024 се одржа завршниот настан на проектот ,,Иднината почнува дома” . На овој настан поддржан од претседателот Стево Пендаровски, ТИРЗ и Стопанска комора, 32-ца млади луѓе добија признание за нивната посветеност и работа и беа прогласени за амбасадори симболизирајќи 32 години независност.
Меѓу нив , признание за млад амбасадор со кој ќе се работи во иднина е нашата ученичка од IV-3 Николија Златевска.

Меѓународен симпозиум „Медиумската писменост во доба на вештачката интелигенција: Проширување на границите на возможното“

На 29 февруари Институтот за комуникациски студии одржа меѓународен симпозиум „Медиумската писменост во доба на вештачката интелигенција: Проширување на границите на возможното“ кој се организираше во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“. На настанот присуствуваа група ученици од нашето училиште СЕПУГС ” Васил Антевски- Дрен” Скопје со нивните ментори м-р Драгана Ѓореска и м- р Радојка Хeлман Денковска.

Предновогодишна хуманитарна забава во нашето училиште организирана од страна на Училишната заедница

Предновогодишна хуманитарна забава во нашето училиште организирана од страна на Училишната заедница, е поддржана од наставниот кадар и директорот на училиштето. Училишниот бенд на ДРЕН ги забавуваа учениците и гостите ученици од ООУ “ Драта Стојановска “- Сопиште. Ученичката заедница на штитениците на СОС Детски село истотака им донираа новогодишни пакетчиња.

Нашите ученици покажаа дека во овие денови на дарувања, заедно сите имаме исти желби за Новата 2024 год. Да си посакаме добро здравје, среќа и успеси на секое поле. СРЕЌНО!

Превентивната едукативна кампања “ПЕТАРДИ НЕ , БЕЗБЕДНОСТ ПРЕД СЕ”

Превентивната едукативна кампања “ПЕТАРДИ НЕ , БЕЗБЕДНОСТ ПРЕД СЕ” за справување со опасностите од петарди и пиротехнички средства и оваа година продолжива. Благодарност до Универзитетска клиника за Пластична и реконструктивна хирургија и директор доцент д-р Софија Пејковa како и одговорните на настанот – проф Д-р Елизабета Жоговска Мирчевска, Науч. Сор. Д-р Игор Пеев и Д-р Дарко Алексовски и претставниците од МВР пом.командир Благоја Стојановски и инспектор Теодора М.Јанушева.Одговорноста е дел од младоста и личноста.

Работилница на тема “ Приватноста на интернет како човеково право“

Едукацијата на учениците на секое поле е во фокусот на училиштето. Домаќини на работилница на тема “ Приватноста на интернет како човеково право“ под менторство на наставникот Маргарита Поповска Костадиновска а во организација на НВО Common Vallues и Млади Правници, поддржано од неговата екселенција амбасадорот на Кралство Шпанија при РСМ Хозе Луис Лосано Гарсија Отворивме теми за унапредување на соработката меѓу училиштето и училишта од Шранија со кои имаме заеднички мобилности ЕРАЗМУС но и други форми на соработка.

Настан со Еко Логик “Хаб на истражувачи” на 12 декември во СЕПУГС Васил Антевски Дрен

Во вторникот, на 12 декември во СЕПУГС Васил Антевски Дрен. Еко Логик “Хаб на истражувачи” заедно со педесетина еко-посветени ученици и нивната професорка Елизабета, зборуваа за некои од најинтересните иницијативи на еко истражувања, мапирања и набљудувања.
Младите економисти од “Васил Антевски” се дел од средношколците од неколку скопски училишта кои ги посети Еко Логик “Хаб на истражувачи” деновиве.
Активностите на Еко Логик “Хаб на истражувачи” се спроведуваат со поддршка на U.S. Embassy / Амбасада на САД