Настан Erasmus Days на тема: “Dren experiences Erasmus”

На 13.10.2023 г. во нашето училиште се одржа настан Erasmus Days на тема: “Dren experiences Erasmus”. За оваа активност поголем дел од учениците, досегашни учесници на Еразмус мобилностите, подготвија видеа каде говорат за искуствата кои ги стекнале на проектните активности. Овој настан претставуваше можност за промовирање на Еразмус+ програмата и придобивките од неa пред учениците од прва година кои се запознаваа со програмата и можностите кои ги нуди.
Покрај видеото беше прикажана и презентација за Еразмус+ програмата; спроведен Kahoot квиз, како и завршна ликовна изложба инспирирана од настанот : денови на Еразмус+. Наставници кои беа одговорни за настанот: м-р Радојка Хелман Денковска, м-р Драгана Ѓореска и м-р Теодора Паскалова Вучкова

,,Генералка викенд”

Почитувани организатори, Град Скопје, Пакомак, Пивара Скопје, МАМ, Нула отпад и Life Sparkasse.

Ви благодариме што нашето училиште беше дел од акцијата ,,Генералка викенд” и огромна благодарност до координаторот и нашите ученици кои беа дел од акцијата во СПУГС „Васил Антевски Дрен“ – Скопје. Заедно се грижиме за чиста и здрава средина со цел зголемување на општествената одговорност. ЗАЕДНО МОЖЕМЕ СЕ!

Универзитеoт „Гоце Делчев“ – Штип го одржа Форумот за младинско учество во образованието

15 средни училишта од над 10 општини, студенти, средношколци и компании беа дел од денешниот Форум на младинско учество во образованието. Младите средношколци, како и студентите на УГД, имаа можност да бидат слушнати од стручниот кадар на Универзитетот и да споделат размислувања и идеи за унапредување на високото образование, со нивно активно вклучување. 

– Ова е прв чекор во кој Универзитетот се обидува да изгради подобра соработка со средношколските центри и со младите воопшто. Ние како Универзитет можеме да ги ставиме сите ресурси на нивно располагање и во изградба на нивната професионална кариера. Се надевам дека ќе имаме дискусии кои ќе ни дадат правец и нам како Универзитет и ќе им овозможиме на средношколците да направат соодветен избор на идната струка – истакна ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски.

На Форумот беше презентиран и уникатен софтвер за систематско собирање на информации за млади таленти од средните училишта, креиран од Факултет за информатика при УГД.

Младите таленти, понатаму, ќе добијат можност за дополнителна поддршка во образованието преку подготовка за натпревари, можност за учење во универзитетските лаборатории и бесплатно присуство на обуки од професорите на УГД.

На настанот присуствуваа и претставници на бизнис заедницата, Стопанската комора, претставници на средни училишта, како и градоначалникот на Штип, градот домаќин. Овој Форум е почеток на менување на начинот на соработка меѓу високото и средното образование. На крајот на Форумот, ректорот на УГД потпиша Договор за меѓусебна соработка со претставниците на средните училишта преку кој во иднина ќе се одвиваат најголем дел од активностите. 

Работилница за образовниот профил е-трговија и дигитален маркетинг

На ден 08.02.2023 (среда) заедно со учениците од I-1 и I-2 од образовниот профил е-трговија и дигитален маркетинг ја поврзавме теоријата и практиката во работилница со следните содржини:
  • Креирање на online продавница
  • Одредување на таргет публика
  • Избор на продукти/услуги
  • Креирање име на бренд
  • Избор на Е-платформа
  • Креирање и дизајн на веб страна
  • Оптимизација на веб страна – SEO
  • Одредување метод на наплата
  • Промоција на online продавница
  • Привлекување на потенцијални клиенти/потрошувачи
Предизвиците во реализација на наставните програми за новиот профил во интерес на учениците се појдовна точка за идна соработка со надворешниот соработник, предавачот м-р Даријан Трајанов.