Потпишан договор за донација и меморандум за соработка со УНИБанка

Продолжуваме да создаваме подобри услови за образование и развој на младите, благодарност до УНИБанка за донацијата која претставува поддршка за унапредување на наставниот процес и создавање современа средина во која учениците ќе можат полесно да ги развиваат своите знаења, вештини и креативен потенцијал. Во време кога дигиталните алатки се сè позначаен дел од образованието, нивната примена отвора можности за поинтерактивен, визуелен и динамичен пристап кон учењето.

Соработката меѓу УНИБанка и СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ ќе продолжи и преку активности што ќе им овозможат на учениците стекнатото знаење да го поврзат со практични искуства. Дел од учениците ќе имаат можност да реализираат практична настава во Банката, каде одблиску ќе се запознаат со работните процеси и функционирањето на банкарскиот сектор, а за дел ќе се одржат и работилници за финансиска едукација и маркетинг, на кои учениците ќе работат на конкретни задачи поврзани со UniQ – пакетот за млади на УНИБанка.

Потпишан меморандум за соработка со Управата за јавни приходи

Потпишан Меморандум за соработка со Управата за јавни приходи, со кој се отвораат нови можности за практично учење, фискална едукација и професионален развој на нашите ученици.

Во рамки на соработката, 20 полнолетни ученици ќе имаат можност да реализираат практична настава, учење преку работа и феријална практика во работните простории на УЈП. На овој начин, учениците ќе имаат можност да се запознаат со реална работна средина и стекнатите теоретски знаења да ги поврзат со практичната работа.

Посебен акцент е ставен и на фискалната едукација на младите. Преку едукативни посети, предавања, презентации и работилници, учениците ќе се запознаваат со значењето на даноците, јавните приходи и даночната одговорност, како и со улогата на УЈП во функционирањето на јавниот финансиски систем.

15 Септември – Ден на пензиска свесност

15 Септември – Ден на пензиска свесност
Денес во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје го одбележавме Денот на пензиска свесност, со порака дека за иднината треба да размислуваме уште од првата плата, а не на 60 години.
Преку едукација, финансиска писменост и навремено информирање, ги подготвуваме младите за одговорно планирање на својата иднина.
Во рамки на настанот, МАПАС и СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ потпишаа Меморандум за соработка, со кој заеднички ќе придонесуваме кон поголема пензиска и финансиска свесност кај младите.
Знаењето денес е сигурност за утре.

Домаќини на редовниот годишен состанок на франкофонски паралелки кои се изучуваат во училиштата во Град Скопје , Битола , Куманово и Неготино

Домаќини на редовниот годишен состанок на франкофонски паралелки кои се изучуваат во училиштата во Град Скопје , Битола , Куманово и Неготино, поддржан од Директорот на Францускиот институт во Скопје монсје Hugo Bechtel. Размена на идеи, искуства , предлози и сугестии од директорите на училиштата и нивните координатори резултираа со акциски план за учебната 2024/2025 год.
 
Предизвиците се пред нас во делот на реализација на наставата и изучувањето на францускиот јазик за наставницте кои предаваат други наставни предмети на француски јазик , изработка на заеднички Еразмус проекти со партнери училишта од Франција и размена на ученици од Македонија и Франција предвидена за второто полугодие .
 
Горди сме на училиштето кое е дел од елитното семејството на франкофонските билингвални училишта.!

Баланс меѓу кариерата и семејството – Пат до успехот!

Присуство на наставниците од нашето училиште на конференцијата “предизвиците на современото семејство”- Баланс меѓу кариерата и семејството,” организирана од Институтот за семејни студии при УКИМ. Инспиративните приказни на успешни жени од различни професии истакнаа дека вистинскиот успех доаѓа кога сме посветени и на работата и на личниот живот. Хармонијата меѓу овие аспекти е клуч за секој кој сака да даде максимум на сите полиња. Семејството е сепак клучна карика за среќни и мотивирани ученици кои во ВОП заедно со наставниците се дел од заедничкото големо семејство.

Патронен празник, посветен на нашиот патрон Васил Антевски-Дрен

Во историјата на македонскиот народ многу личности оставиле длабок печат во борбата за слобода и правда. Еден од нив е Васил Антевски-Дрен, првиот македонски адвокт, кој се издигнал како бранетел на народните права и застапник на македонската култура и национална самосвест.” – почеток на победничкиот есеј “Денес го славиме Дрен” на Јана Ристовска од 3-10. Дисеминација на наставници од колегите Анета Дуева Павловиќ, Зорица Петровска, Александра Дојчиновска и Снежана Шеќероска Павлова на тема “Методи на проучување за активирање на учениците, формативно оценување, поддржувач и инклузивна средина за учење, само оценување и меѓусебно оценување на наставниците”. Нека ни е честит Патрониот празник, посветен на нашиот патрон Васил Антевски-Дрен.

ЕРАЗМУС денови – последен ден

Ги заокружуваме Еразмус деновите со настапи на најважните во образовниот процес-УЧЕНИЦИТЕ. Благодарност до сите присутни и сите оние кои ја поддржуваат програмата, во минатото и сега. Ви пренесуваме дел од денешниот настан, преку фотографии и видеа од креативните идеа на учениците и нивните ментори #ErasmusDays #ErasmusDays2024

ЕРАЗМУС Денови 2024

Во период од 14ти до 18ти Октомври, нашето училиште одбележува ЕРАЗМУС Денови 2024.
Ќе бидат објавени неколку сведоштва од учесници во досегашните мобилностите, а неделата ќе ја заокружиме со драмска претстава и други активности кои ги спремија нашите наставници и ученици.
СЕПУГС “Васил Антевски – Дрен” е корисник на ЕРАЗМУС+ програмата 8ма година по ред со бројни проекти кои го доближуваат нашиот образовен процес до европскиот и тоа преку размена на искуства, посета на партнер училишта и тренинг обуки овозможени од врвни провајдери, а се со цел подобро образование за нашите ученици.
 

Учество на меѓународна конференција “Иднината може да ја менуваме” за наставници

Учество на меѓународна конференција “ Иднината може да ја менуваме ” за наставници кои се дел од мрежата на ученички компании – Junior Achievement Europe која се одржа од 13-15.10.2024 година во Врњачка Бања Р. Србија.
Искуствата и предизвиците кои беа тема на панел дискусиите поткрепени со мотивациски говори од врвни предавачи , менаџери на компании во доменот на иновации , психологија за справување со “ генерација Z”,вештачка интелигенција, е трговија и вештини во новото време .

Настан во Дом на пратениците

Завршен настан во Дом на пратениците, на кој директорот го сподели искуството на училиштето како корисник на
програмата “Bтора шанса”, грант за поддршка на ранливи категории ученици кои имаа статус вонредни во учебната год.2022/23 и 2023/24 год од програмата на ИПА на ЕУ а во организација на проектниот тим на АВРМ и ресорните министерства на РСМ .
Предизвиците кои ги совладавме заедно со цел интеграција на ранливите категории во образовниот процес на пазарот на трудот и успехот во индивидуалниот развој на поединецот.
Вкупно 9 вонредни ученици со оваа мерка финански поддржани од овој проект го финализираа своето формално образование во период од две години.
Остануваме посветени на унапредување на воспитно образовниот процес и проактивни за секој вид помош за нашите ученици.