Градот Скопје организира свечен настан по повод Светскиот ден на среќата

Денес, по повод Светскиот ден на среќата, Градот Скопје организира свечен настан, кој се оддржа на Плоштадот Македонија, нашите ученици како дел од настанот креативни и среќни под менторство на наставниците Душица Кранго и Ирена Трпинова беа дел од него.

Среќата и сонцето денес на плоштадот на нашиот град Скопје станаа живописна слика на прославата, каде смеата силно одекнува и насмевките го красат секое детско лице. Преку лесни игри, давање подароци, писма со пораки и инспиративни разговори, пријателствата се продлабочуваа и се формираа нови врски. Заедно тие создадоа сеќавања кои ќе се задржат долго откако ќе помине денот.
 
Светскиот ден на среќата, на кој присуствуваа нашите ученици, е повеќе од прослава. Тоа е потсетник на моќта на позитивноста да ги трансформира животите.

Учество во активност – “Финализирање и имплементација на системот за следење на кариерите на матурантите од средните стручни училишта и обучени возрасни лица“

Учество во активност “Финализирање и имплементација на системот за следење на кариерите на матурантите од средните стручни училишта и обучени возрасни лица“ – проект финансиран од страна на ЕУ поддржан од МОН.
Иднината на младите во нашата земја е приоритет за сите нас, следење на нивните кариери и успешно вклучување на пазарот на трудот. Проектот продолжува во насока на креирање на идни образовни политики за просперитетна Република С. Македонија.

Одбележување на месецот на франкофонијата во училиштето

Одбележување на месецот на франкофонијата во училиштето. Разговори со амбасадорот г-дин Благој Зашов – “Дипломатски разговори – средби и сеќавања” , употребата и значењето на францускиот јазик во дипломатијата и значењето на францускиот јазик во идна професија на учениците. Линковско поврзување со амбасадот во амбасада на РСМ во Париз – г-дин Габриел Атанасов поранешен наш ученик и франкофон – патот на успехот и дипломатските предизвици како и линковско поврзување со претставник на училиштето “Leonardo Da Vinci” Лион , Франција – соработка во заедничкиот Еразмус проект помеѓу нашите училишта со несебичната поддршка на Францускиот Институт – Скопје чии претставник на настанот беше Љупка Димова го одбележаа овој настан .Едукацијата и можноста за избор на патот на личниот развој на учениците остануваат и понатаму приоритет на образовниот процес на нашето училиште.

ЕРАЗМУС проект во Барселона “Емоционалната интелигенција и нејзиното влијание во образовниот процес во функција на унапредување на компетенциите на наставниот кадар и менаџментот“

ЕРАЗМУС проект во Барселона “Емоционалната интелигенција и нејзиното влијание во образовниот процес во функција на унапредување на компетенциите на наставниот кадар и менаџментот“. Размена на искуства и добри образовни практики, вмрежување со учесници од различни земји. Обука која овозможи унапредување на методи, дидактики и мапирање на ефекти за повисоки цели во образовниот процес.

Иднината почнува дома

На 29.02.2024 се одржа завршниот настан на проектот ,,Иднината почнува дома” . На овој настан поддржан од претседателот Стево Пендаровски, ТИРЗ и Стопанска комора, 32-ца млади луѓе добија признание за нивната посветеност и работа и беа прогласени за амбасадори симболизирајќи 32 години независност.
Меѓу нив , признание за млад амбасадор со кој ќе се работи во иднина е нашата ученичка од IV-3 Николија Златевска.

Меѓународен симпозиум „Медиумската писменост во доба на вештачката интелигенција: Проширување на границите на возможното“

На 29 февруари Институтот за комуникациски студии одржа меѓународен симпозиум „Медиумската писменост во доба на вештачката интелигенција: Проширување на границите на возможното“ кој се организираше во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“. На настанот присуствуваа група ученици од нашето училиште СЕПУГС ” Васил Антевски- Дрен” Скопје со нивните ментори м-р Драгана Ѓореска и м- р Радојка Хeлман Денковска.

Ја подигнуваме свеста на учениците за потребата од финансиска писменост

Учениците од средното економско-правно училиште на Град Скопје „Васил Антевски – Дрен“ ќе ја изучуваат и подобруваат својата финансиска писменост преку практична настава, едукативни работилници и предавања за лични финансии.

Ова го предвидува Меморандумот за разбирање и соработка, кој го потпишаа директорката на училиштето, м-р Тања Јовановска и директорката на Друштвото за финансиско советување и едукација Капитал финансиски центар Скопје, Билјана Станковска Арсова.

По потпишување на Меморандумот, соработката претставува можност за заедничка едукација на младите во областа на финансиите, јакнење на деловните врски и обезбедување професионална размена на искуства.

„Да се работи со млади на темата финансиска писменост секогаш ни претставува задоволство. Нашата секојдневна работа е насочена токму во подигнување на свеста за важноста на финансиската писменост. Навистина е голема предност за учениците што имаат предмет Лични финансии од кој што ја добиваат теоретската основа, а ние ќе додадеме дополнителна вредност со нашата експертиза од реалниот секто“, изјави Станковска Арсова.

Директорката на училиштето Јовановска, при потпишување на меморандумот, нагласи дека со ова се овозможува континуирана едукација на учениците и поврзување на теоријата со практиката. „Ова е основа за зголемување на компетенциите на учениците“, вели Јовановска.

Посета на Централен Депозитар за Хартии од Вредност

На 15.02.2024 беше реализирана посета на Централен Депозитар за Хартии од Вредност под менторство на наставник м-р Сузана Станковска. Учениците се запознаа со Централниот Депозитар како институција која: • го регистрира издавањето и преносот на хартиите од вредност во форма на електронски запис • ги запишува сопствениците на хартии од вредност; • ги порамнува трговските трансакции • врши нетрговските преноси (спроведување на договори за подарок, наследство, други судски одлуки и слично); • ја следи на финансиската состојба на неговите членки со цел управување со ризикот поврзан со можно непорамнување на трговските трансакции