Врз основа на член 42 од Законот за средното образование (“Службен весник на Република Македонија”број 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010,116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016,  127/2016, 67/2017 и 64/2018 и “Службен весник на Република Северна Македонија” број 229/2020), Законот за стручно образование и обука (“Службен весник на Република  Македонија” број 71/2006, 117/2008, 148/2009, 17/2011, 24/2013, 137/2013, 41/2014, 55/2016 и 64/2018 и “Службен весник на Република Северна Македонија” број 275/2019) и  Конкурсот од Министерство за образование и наука за запишување ученици во јавните средни училишта  за учебната 2022/2023  година во Република Северна Македонија  од  31 март  2022 година, Училишната комисија за запишување на редовни ученици во прва година објавува

 

И Н Т Е Р Е Н    О Г Л А С

за запишување на редовни ученици во I (прва) година

во СЕПУГС Васил Антевски-Дрен”- Скопје за

учебната 2022-2023 година

 

 

Во Средното економско-правно училиште на Град Скопје „Васил Антевски-Дрен”- Скопје, во учебната  2022/2023  година во I (прва) година ќе се запишат 476 ученици во 14 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:


Економско-правна и трговска струка – 476  ученици, 14 паралелки

 

ЕКОНОМСКИ ТЕХНИЧАР204 ученици во 6 паралелки со  четиригодишно траење со минимум  60 поени, на македонски наставен  јазик.

ПРАВЕН ТЕХНИЧАР204 ученици во 6 паралелки со четиригодишно траење со минимум  60 поени, на македонски наставен  јазик.

ТЕХНИЧАР ЗА Е-ТРГОВИЈА И ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ68 ученици во 2 паралелки со четиригодишно траење со минимум  60 поени, на македонски наставен  јазик.

 

 

I  УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ  И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ

 

Запишувањето на учениците во учебната 2022/2023 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и со овој Интерен оглас.

 

 

 

  1. Условите за запишување на учениците во прва година се:

– да имаат завршено  основно образование;

– да не се постари од 17 години;

– да се определиле за план и програма за еден од профилите утврдени        со овој Оглас;

– да ги исполнуваат критериумите утврдени  со Огласот.

 

  1. Критериуми за избор на учениците се:

    –  среден успех на ученикот од VI до  IX одделение;

    – среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик,                       странски јазик и два предмети што се од значење за струката –                                          математика и историја);

    – дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и                    државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од                           Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик,                     природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и                      наставни предмети што се од значење за  струката (математика и

историја );

   – средна вредност од поени добиени за поведение од VI до  IX одделение.

 

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование – мајчин јазик и странски јазик и два предмети што се значајни за струката – математика и историја) ученикот може да добие најмногу 20 поени ( 5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:

– За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени

– За освоено место од државни  акредитирани натпревари: за I место-3 поени, за II место – 2 поени и за III место – 1 поен.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. ( Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделено со 4).

 

 

Доколку се пријават поголем број ученици од планираниот број предвиден во овој Оглас, а кои ги исполнуваат предвидените услови, ќе се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети мајчин јазик и математика.

Тестирањето се однесува за сите ученици кои имаат ист број поени и се под и над последниот реден број предвиден за прием согласно Огласот.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во училиштето ако имаат до 10%  помалку поени од бројот на поените предвидени  согласно Огласот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во училиштето.

За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија ( VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година нема да биде обезбеден, ако избраниот вид на образование (струка или профил) го има во општината односно регионот.

 

II  ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

 

По објавувањето на прелиминарната листа, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:

– пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);

– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значајни за струката – историја и математика;

– извод од матична книга на родените ( без оглед на датумот на издавање).

 

 

III  КОНКУРСНИ  РОКОВИ

 

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец  јуни. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

 

 

– Првото пријавување на учениците ќе се врши на 14 јуни до 24.00 часот и на 15 јуни 2022 година до 15:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 16 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштето е на 16 јуни од 12.00 до 19.00 часот и на 17 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2022 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

 

Доставувањето на документите за првото пријавување и запишување од страна на ученикот, односно родителот/старателот ќе биде според азбучен ред од презимето.

 

  1. На 16 јуни 2022 година– приемот на документи ќе биде од 12:00 часот до 19:00 часот согласно следниот распоред:

 

– од 12:00 часот до 13:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  А, Б, В, Г

– од 13:00 часот до 14:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите Д, Ѓ, Е, Ж

– од 14:00 часот до 15:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите З, Ѕ И, Ј

– од 15:00 часот до 16:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  К, Л, Љ, М

– од 16:00 часот до 17:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  Н, Њ, О,П, Р

– од 17:00 часот до 18:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите С, Т,  Ќ, У, Ф

– од 18:00 часот до 19:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите Х, Ц, Ч, Џ, Ш

 

  1. На 17 јуни 2022 година, приемот на документи ќе биде од 07:00 часот до 19:00 часот согласно следниот распоред:

 

– од 07:00 часот до 09:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  А, Б, В, Г,Д

– од 09:00 часот до 11:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ

– од 11:00 часот до 13:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  И, Ј, К, Л, Љ

– од 13:00 часот до 15:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  М, Н, Њ, О, П

– од 15:00 часот до 17:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  Р, С, Т, Ќ, У

– од 17:00 часот до 19:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

 

Доколку се пријават поголем број ученици од планираниот број предвиден во овој Оглас, а кои ги исполнуваат предвидените услови ќе се организира квалификационо тестирање во училиштето на  20 јуни  2022 година по предметите мајчин јазик и математика,  а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на  20 јуни 2022 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

 

Второто пријавување на учениците ќе се врши на 21 јуни до 24.00 часот и на 22 јуни 2022 година до 15:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 23 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.

 

Доставувањето на потребената документација до училиштето е на 23 јуни од 12.00 до 19.00 часот и на 24 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2022 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

 

Доставувањето на документите за второто пријавување и запишување од страна на ученикот, односно родителот/старателот ќе биде според азбучен ред од презимето.

 

  1. На 23 јуни 2022 година– приемот на документи ќе биде од 12:00 часот до 19:00 часот согласно следниот распоред:

 

– од 12:00 часот до 13:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  А, Б, В, Г

– од 13:00 часот до 14:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите Д, Ѓ, Е, Ж

– од 14:00 часот до 15:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите З, Ѕ И, Ј

– од 15:00 часот до 16:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  К, Л, Љ, М

– од 16:00 часот до 17:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  Н, Њ, О,П, Р

– од 17:00 часот до 18:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите С, Т,  Ќ, У, Ф

– од 18:00 часот до 19:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите Х, Ц, Ч, Џ, Ш

 

  1. На 24 јуни 2022 година, приемот на документи ќе биде од 07:00 часот до 19:00 часот согласно следниот распоред:

 

– од 07:00 часот до 09:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  А, Б, В, Г,Д

– од 09:00 часот до 11:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ

– од 11:00 часот до 13:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  И, Ј, К, Л, Љ

– од 13:00 часот до 15:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  М, Н, Њ, О, П

– од 15:00 часот до 17:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  Р, С, Т, Ќ, У

– од 17:00 часот до 19:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

 

Доколку се пријават поголем број ученици од  планираниот број предвиден во овој Оглас, а кои ги исполнуваат предвидените услови ќе се организира квалификационо тестирање во училиштето на 27 јуни 2022 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 27 јуни 2022 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

 

Третото пријавување на учениците ќе се врши на 28 јуни до 24.00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.

 

Доставувањето на потребената документација до училиштето е на 29 јуни од 10.00 до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2022 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

 

Доставувањето на документите за третото пријавување и запишување од страна на ученикот, односно родителот/старателот ќе биде според азбучен ред од презимето.

 

  1. 1. На 29 јуни 2022 година, приемот на документи ќе биде од 10:00 часот до 19:00 часот согласно следниот распоред:

 

– од 10:00 часот до 12:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  А, Б, В, Г, Д, Ѓ,

– од 12:00 часот до 14:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј

– од 14:00 часот до 16:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  К, Л, Љ, М, Н, Њ

– од 16:00 часот до 17:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  О, П, Р, С, Т

– од 17:00 часот до 18:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  Ќ, У, Ф, Х

– од 18:00 часот до 19:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  Ц, Ч, Џ, Ш

 

– За учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштето доколку има слободни места после јунскиот рок.

Пријавување на учениците ќе се врши на 22 август до 24.00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 23 август 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштето е на 23 август од 10.00 до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето ќе се објави на 24 август 2022 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Доставувањето на документите за пријавување и запишување од страна на ученикот, односно родителот/старателот ќе биде според азбучен ред од презимето.

 

  1. 1. На 23 август 2022 година, приемот на документи ќе биде од 10:00 часот до 19:00 часот согласно следниот распоред:

 

– од 10:00 часот до 12:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  А, Б, В, Г, Д, Ѓ,

– од 12:00 часот до 14:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј

– од 14:00 часот до 16:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  К, Л, Љ, М, Н, Њ

– од 16:00 часот до 17:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  О, П, Р, С, Т

– од 17:00 часот до 18:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  Ќ, У, Ф, Х

– од 18:00 часот до 19:00 часот-прием на документи за ученици чиешто презиме почнува  на буквите  Ц, Ч, Џ, Ш

 

По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.

 

IV  ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

 

– Изборот и запишувањето на учениците се врши врз основа на конечна ранг листа според вкупниот број на поени што се пресметуваат одделно за секој ученик – кандидат;

– Вкупниот број поени се утврдува според критериумите за избор наведени во точка I потточка 2 .

 

V  РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИГОВОР

 

– Учениците и нивните родители односно старатели имаат право на приговор во рок од 12 часа по истакнувањето на конечната ранг листа, а училишната комисија ги решава приговорите од учениците по конечната ранг листа, во рок од 12 часа по истакнувањето на истата.

 

 

VI РОК ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ НА НЕЗАПИШАНИТЕ УЧЕНИЦИ

 

По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа од 07:00 часот до 19:00 часот, а училиштето има обврска да ја врати целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.

– Доколку учениците кои не се запишани во училиштето не ја подигнат целокупата доставена документација поднесена во училиштето во горенаведениот рок, истата ќе биде вратена по пошта (препорачано).

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *